Контакт

Регион

Песков: Рокот за посета на Путин во Белград сè уште не е одреден

Објавено пред

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, не можеше да потврди дали се подготвува посета на Владимир Путин на Србија.

Претходно, рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, рече дека посетата на рускиот претседател, Владимир Путин, во Србија се очекува во октомври или ноември, а Песков, според ТАС, на прашањето дали се одредени конкретни рокови за посетата, рекол: „Не, засега не”.

Песков рече дека засега нема конкретни термини кога таквата посета би можела да се реализира, ниту, пак, потврди дека таа веќе се подготвува.

ТАС наведува дека сé уште не е познато дали Песков ќе оди во Париз на церемонијата по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, која ќе се одржи на 11 ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Објавено пред

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот од браќата кои имаат симптоми на коронавирус, а неговите колеги биле замолени да не доаѓаат на работа.

За денеска се најавени нови текстови на девојката на едниот од заразените браќа, која првично не беше инфицирана од вирусот, но покажувала симптоми на настинка.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Албанија регистрирана првата жртва од свински грип

Објавено пред

Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип, а уште четири лица се заразени од вирусот АХ1Н1.  Починал 45-годишен жител на градот Скрапар, кој од Регионалната болница во Берат вчера попладне бил префрлен во Инфективната клиника во Тирана во тешка состојба, со многу висока телесна температура и проблеми во дишењето.

Инфектологот Етлева Вила, од болницата во Берат, за медиумите потврди дека починатиот немал контакт со области зафатени со коронавирус. Таа потврдува дека имале и четири други случаи на заразени со вирусот АХ1Н1. Во Албанија, на почетокот на минатата година, четири лица починаа од овој вирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Потврден и вториот случај на коронавирус во Хрватска

Објавено пред

Хрватскиот министер Вили Берос го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на еден млад човек кој вчера имаше позитивен наод, пишува „Јутарњи лист“.

Пристигнал и тестот на девојката која била тестирана, но анализите покажале дека таа нема коронавирус.

Момчето коешто работело за хрватската технолошка компанија „Ериксон Никола Тесла“ со симптоми на коронавирус се вратил од Милано, каде што бил на натпревар на Лига на шампионите, а потоа се појавил и на работа. Тој е првиот хрватски граѓанин позитивен за новиот вирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион35 минути

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа55 минути

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава1 час

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија2 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија3 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија3 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт13 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија15 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија16 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија19 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија20 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија21 час

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион22 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија24 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион1 ден

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт1 ден

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија1 ден

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Досие