Контакт

Европа

Петков: Нема потреба да се распоредуваат сили на НАТО во Бугарија

Објавено пред

Новиот бугарски премиер Кирил Петков изјави дека Бугарија не донела никаква одлука за распоредување на силите на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Бугарија не разговарала со никого и не донела никаква одлука за можно распоредување на силите на НАТО во регионот на Црното Море, како одговор на распоредувањето на руски војници долж границата со Украина“, изјавил Петков, пренесуваат регионалните медиуми.

Неговиот коментар уследи по вчерашната објава на Фејсбук на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев, кој исто така рече дека Бугарија не гледа потреба од распоредување војници на НАТО на своја територија како одговор на акумулацијата на руските сили долж границата со Украина, пренесува Ројтерс.

„Јасно кажав дека сме и ќе бидеме активна членка на Европската Унија и НАТО. Ваквата одлука ќе биде усогласена“, рече Петков, истакнувајќи дека Бугарија, која влезе во НАТО во 2004 година, е за поголема дипломатија и мирни решенија и помалку воени разговори за безбедноста на источното крило на ЕУ и НАТО.

Според медиумите, бугарскиот министер за одбрана синоќа ги потврдил информациите дека во рамките на НАТО се разговарало за различни опции, вклучително и присуството на бугарски и романски војници во Црното Море како дел од мисијата наречена „Подобрено напредно присуство“, во која НАТО веќе распоредува дополнителни сили во Балтичките држави и во источна Полска, објави претходно Ројтерс.

„Мојот став е дека таквиот пристап потенцијално може да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот“, објавил синоќа министерот Јанев на Фејсбук, додавајќи дека засега нема причина распоредувањето на руските војници да се смета за директна закана за Северноатлантската алијанса и нејзината зона на влијание.

Тој додал дека Бугарија внимателно ќе ја следи ситуацијата и дека е подготвена да го зголеми капацитетот на своите вооружени сили во рамките на засилените напори на НАТО за одвраќање и одбрана, доколку е потребно.

„Колку помалку се фокусира на воениот потенцијал и колку повеќе се бараат дипломатски решенија, толку подобро за Бугарија“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Поранешната секретарка на Зоран Милановиќ оди во затвор, украла државни пари за скапи чевли

Објавено пред

Сандра Жељко, поранешната секретарка на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ќе мора да оди во затвор четири и пол години бидејќи проневерила најмалку 130.000 евра од државната каса заедно со тогашниот шеф на кабинетот на Милановиќ, Томислав Сауча, пишуваат медиумите во регионот. При претресот на нејзиниот стан полицијата во плакарот за чевли пронашла повеќе од 80 пара луксузни чевли, вредни 50.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Тие двајца беа осудени на затворска казна уште во 2020 година, но Врховниот суд во Хрватска дури сега ја прогласи за конечна. За оваа одлука Жељко дознала сосема случајно бидејќи никој од институцијата претходно не ја известил.

„Случајно го видов написот на еден портал, барав нешто, веќе не знам точно што. И кога ја видов конечната пресуда, помислив дека тоа е некаква грешка. Дека можеби е погрешна формулацијата или нешто. Не разбрав, бев шокирана. Влегов во статијата и го видов датумот, 21 март. Бев изненадена, во неверување, не знам што да кажам“, изјави Жељко за локалните медиуми.

Покрај затворската казна, забрането им е да извршуваат јавна функција во следните пет години. И двајцата треба да ја вратат незаконски стекнатата имотна корист, при што Сауча платил 50.000 евра, а Сандра Жељко 80.000.

Според пресудата, Жељко проневерилa многу повеќе пари од нејзиниот тогашен шеф.

По изрекувањето на пресудата, таа за хрватските медиуми изјави дека не е виновна и дека само си ја работи својата работа.

На судењето, во текот на претходните години, за хрватската јавност секако најинтересна беше полемиката за нејзината колекција чевли. Имено, во нејзиниот стан биле пронајдени дури 80, а сите биле брендирани.

Жељко се бранеше дека ги купила во претходните 30 години од кариерата, најмногу на попусти, и дека ги чувала внимателно.

„Тоа беше главната атракција за полицајците, моите чевли“. Ако мојот криминал се тие чевли… дојдов од Вуковар, останав без ништо. Морам да напоменам дека немам деца, сама сум и со платата си купував што сакав. А ако има некакви брендови, тие секогаш се купуваат со попусти од 50 до 70 проценти. Ако моите чевли се проблем во целата работа, не знам што да кажам. Затоа што, ако имало нешто во мојот стан, тогаш ќе го покажале, немало да се занимаваат со моите чевли“, рече Жељко.

Таа за време на својата одбрана изјавила дека највисоката цена што ја платила за чевлите била околу 2.150 евра, а некои од нив ги дели со мајка си и со сестра си, со кои и живее.

Исто така, во нејзиниот стан бил пронајден патен налог, кој, како што тврди, ѝ бил подметнат. Зад тоа, смета таа, стои нејзиниот поранешен шеф, кој, како што тврди, носел одлуки за кои сега е одговорна.

„Не сум била важен човек, ниту сум имала функција да можам самоиницијативно некому да му давам наредби. Јас само си ја вршев работата“, заклучила таа и додала дека сè правела по наредба на шефот.

Сепак, на судењето нејзиниот шеф изјави дека таа е таа што крадела и ја искористила дупката во системот.

Прикажи повеќе...

Европа

Кадиров: Да им покажеме како е

Објавено пред

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, предлага на западните земји да им се покажат последиците од загадувањето со ураниум.

dobivaj vesti na viber

„Велика Британија речиси се фали дека сака да испорача муниција со осиромашен ураниум на Украина. Тие дури успеаја да смират сè – како да не е радиоактивен ураниум. Како и да е, има илјада пати помалку такви будали во Русија, кои не ги разбираат својствата на тешкиот метал“, напиша Кадиров на каналот „Телеграм“.

„Нема да ве потсетувам на последиците од употребата на таква валкана муниција, но верувам дека земјите што се непријателски настроени кон Русија не треба да кажат ниту ‘у’ од ураниум. Кога само една би му ги покажала на Западот последиците од ураниум, желбата да се зборува на таа тема би исчезнала сама по себе“, напиша Кадиров.

Како што додаде, Западот, Европската Унија, НАТО и „другите слични криминално-терористички заедници“ презентираат нови идеи насочени кон „прободување на Русија и убивање повеќе Украинци“.

Британскиот заменик-министер за одбрана, Анабел Голди, претходно изјави дека, покрај испраќањето ескадрила борбени тенкови „Челинџер 2“, Лондон ќе испрати во Украина и муниција, вклучително и оклопни гранати што содржат осиромашен ураниум.

По ова, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента. Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година. Како што забележаа експертите, употребата на оваа муниција може да доведе до онколошки заболувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на кабинетот на Орбан: Унгарија нема да го уапси Путин доколку влезе во земјата

Објавено пред

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да влезе во земјата, изјави денеска Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан додавајќи дека тоа нема да има правна основа.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас на брифингот рече дека Римскиот статут не е влезен во унгарскиот правен систем, пренесува „Ројтерс“.

„Мораме да се повикаме на унгарскиот закон врз основа на кој не можеме да го уапсиме рускиот претседател, исто како што не е објавен статутот на Меѓународниот кривичен суд во Унгарија“, рече Гуљас.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на...

Топ4 часа

Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за...

Македонија7 часа

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека...

Македонија8 часа

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како...

Македонија9 часа

Османи за апсењето на Путин: Имаме недвосмислен став

Македонија ќе постапи по потерницата за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е заклучокот од одговорот на министерот за...

Економија9 часа

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се...

Македонија10 часа

(Фотовест) Преку решетки до извод од Управата на матичните книги, документи се пополнуваат на полуотшрафен дрвен шалтер

Објектот во кој е сместена Управата за водење на матичните книги во Ѓорче Петров остана непроменет. И натаму граѓаните преку...

Македонија10 часа

„Си има Обвинителство“, разрешениот директор на „Идризово“ крена раце од мрежата полицајци и затвореници за копање на тунелот

Директорот на „Идризово“ во заминување, Шпенд Тахири, и самиот потврдува дека разрешувањето што го доби од Владата е последица на...

Македонија12 часа

(Видео) Запален паркиран автомобил во близина на „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот Илинденска. Речиси целосно изгоре „голф“, кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанец....

Македонија12 часа

Студентскиот отпор: Ќе ги искористиме сите механизми за остварување на целите

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува во...

Македонија12 часа

Од попишани 3.504 лица, само 196 Бугари ќе гласаат во Македонија на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална странива објави дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија од Македонија...

Европа13 часа

Гутереш: Човештвото е изложено на ризик од недостиг на чиста вода

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека човештвото е изложено на ризик од глобален недостиг на чиста вода, што...

Свет13 часа

Сијарто: Западноевропските земји не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека земјите од Западна Европа не се искрени кога зборуваат за...

Свет13 часа

Столтенберг: Западот мора да биде подготвен за војната за уништување на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува...

Македонија1 ден

Од „Ќе видиш што ќе ти се случи“ до сечење гуми од автомобил – градоначалникот на Штип за заканите: Мислев ќе помине

Закани со зборовите „Ќе видиш што ќе ти се случи“ завршиле со сечење на гуми од автомобил. Вака градоначалникот на...

Македонија1 ден

Граѓаните критикуваат, Касами се дообјаснува: Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме

Градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ посочува дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово...

Македонија1 ден

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да...

Македонија1 ден

Отчукува часовникот до застарување на делото на Мијлаков – остануваат 16 дена до слобода

Преостануваат 16 дена во кои Апелација треба да донесе одлука за предметот „Титаник 2“, а за на обвинетиот Сашо Мијалков...

Македонија1 ден

(Видео) Со трактори ќе го блокираат патот кон Бугарија кај Страцин, државата не најде решение за пресечениот локален пат

Жителите на кратовското село Страцин следната недела со трактори и автомобили ќе го блокираат патот кон Бугарија. Разочарани се што...

Македонија1 ден

Нова паника: крадец претставен како киднапер на деца во музичкото училиште, објавувачот утврди дека згреши, па се извини

Крадец претставен како киднапер предизвика паника во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“. Фотографија од маж  залепена на влезот од училиштето со...