Регион
Петков: Ништо нема да направиме под притисок

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Бугарија нема ништо да направи под притисок во однос на Северна Македонија.
Тој истакна дека се обидува да види дали нејзините барања и потреби за поддршка на Бугарите во земјата може да бидат гарантирани преку европскиот процес.
„Ќе оставам на Министерството на надворешни работи затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за што било“, додаде Петков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија протерува 70 руски дипломати

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека побарало од Русија до 3 јули да повлече 70 членови на дипломатскиот персонал. Со образложение дека Русија треба да го намали бројот на персоналот во амбасадата за да се усогласи со бугарското претставништво во Москва.
Се наведува дека првата причина за таквото барање е реципроцитет, пренесува „Ројтерс“.
„ Втората причина се активностите на руските функционери, за кои надлежните бугарски власти утврдија дека не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.
Регион
Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства направени од 1991 година, објави грчката новинска агенција АНА.
Србинот е уапсен минатата недела на граничниот премин Евзони додека со семејството патувал на одмор во Платамона.
Според документацијата на хрватското Обвинителство, обвинет е за соучесништво во воените дејства пред 31 година, при што била уништена инфраструктура и загинале цивили во хрватските места Вочин и Хум.
Тој негира дека сторил воени злосторства и тврди дека бил само обичен војник и извршувал заповеди.
Регион
Лајчак: Итно да се реши прашањето со исчезнатите

„Итно решавање на судбината на над 1.600 луѓе што се водат како исчезнати. Сите сакани, без оглед на нивната етничка припадност, заслужуваат нивниот случај да се затвори“, наведува посредникот во дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
Тој нагласи дека прашањето за исчезнатите станува итно.
„Поради тоа, го посетив документарниот центар, одржав состаноци со ресурсниот центар за исчезнати лица и ја гледав емисијата“, напиша Лајчак на „Твитер“.
Resolving the fate of more than 1600 persons still missing is urgent. All loved ones – no matter of their ethnicity – deserve closure. This is why I visited the Documentation Center, met with the Missing Persons Resource Center and attended the screening of 🎥“Water and Candles” pic.twitter.com/3CLgrJCc0G
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) June 27, 2022