Регион
Петте клучни точки од вчерашните маратонски преговори меѓу Вучиќ и Курти во Охрид

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше договорот за имплементација на европскиот предлог за Косово, се одржа вчера во Охрид и траеше 12 часа. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти одвоено разговараа со европските посредници – специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, а ова се петте клучни точки кои ги одбележаа вчерашните преговори.
1.Постигнат договор за Анексот
По средбата во Охрид, јавноста беше информирана дека е постигнат договор за анексот на договорот за патот кон нормализирање на односите на двете страни. Како што рече претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел, Србија и Косово се договорија за Анексот.
Во рамките на тој документ, двете страни се обврзаа да ги исполнат сите членови од договорот без одлагање и со добра волја, рече Борел на прес-конференцијата и потсети дека договорот е постигнат на крајот на февруари, но вчера имало прашање на координација во однос на неговото спроведување.
Вучиќ рече дека е постигнат „некаков договор“ и дека се одобрени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни.
2. Европскиот договор постигнат во Брисел, како и анексот од Охрид, стануваат дел од преговарачкото поглавје 35.
„Страните забележуваат дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составен дел на соодветните процеси за пристапување во ЕУ на Косово и Србија. Страните забележуваат дека веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, посредникот на ЕУ ќе започне процес на промена на критериумите за Поглавјето 35 за Србија поради обврските кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Агендата на Косовската специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува и новите обврски што ги има Косово, а кои произлегуваат од Договорот и од овој Анекс“, се вели во точката од анексот.
Тоа значи дека исполнувањето на сите одредби од Договорот и Анексот официјално стана дел од европската интеграција, односно услов за затворање на поглавјето 35. На овој начин напредокот на Белград и Приштина на патот кон ЕУ е условен со исполнување на одредбите од Договорот и Анексот.
3. Србите во Косово ќе добијат некаков облик на самоуправа
По завршувањето на средбата, Вучиќ изјави дека за српската страна формирањето на ЗСО е приоритетна обврска согласно досегашните обврски од дијалогот.
„Затоа сум навистина среќен. Беше наведено дека веднаш треба да се започне со формирање на ЗСО, но не знам дали тоа ќе го направи Приштина“, додаде Вучиќ.
Од друга страна, Борел истакна дека кога станува збор за ЗСО, односно член 7 од договорот, Косово е подготвено веднаш да започне преговори за воспоставување на аранжмани и подготовки за обезбедување вистинско ниво на самоуправа на српската заедница.
4. Индивидуален напредок кон ЕУ
Синоќа во Охрид, меѓу другото, беше договорено во иднина она што ќе се исполни од планот за имплементација да биде репер за европскиот пат.
„Сега ќе не следат особено: кој го исполнува тоа на што се обврза“, рече Вучиќ.
Борел рече дека „двете страни ќе бидат обврзани со овој договор, кој ќе биде дел од нивното европско патување“.
„ Ние во ЕУ ќе бараме партиите да ги исполнат своите обврски, бидејќи тие сега се или ќе бидат дел од нивниот европски пат“, посочи Борел.
Тоа значи дека, во зависност од почитувањето на договорените точки, двете страни ќе напредуваат кон членство во ЕУ со различно темпо.
5. Ништо не е потпишано
Ниту на оваа средба Вучиќ не потпиша ништо.
„ Планот секако ќе треба да се надгради. Знам дека албанската страна ќе инсистира на тоа, но јас ништо не потпишав, двајцата јасно ставивме до знаење кои се неговите црвени линии, а кои се нашите црвени линии“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Никогаш не заборавајте“: Србите во Виена одбележаа 24 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО

Србите во Виена вечерва одржаа митинг по повод 24-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија.
На собирот се свештеници, како и српскиот амбасадор Небојша Родиќ.
Тие се собраа во центарот на австриската престолнина на Штефанплац во близина на катедралата.
Зборовите „Никогаш не заборавајте“ се напишани на еден од транспарентите што ги изработиле.
Централната манифестација на Денот на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година се одржува вечерва на плоштадот Свети Ѓорѓи во Сомбор.
Агресијата на НАТО започна на 24 март 1999 година и траеше 78 дена.
Според податоците на Министерството за одбрана на Србија, во воздушната агресија на НАТО загинале 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца и 1.031 припадник на армијата и полицијата.
Според истиот извор, ранети се околу 6.000 цивили, од кои 2.700 се деца, како и 5.173 војници и полицајци, а 25 лица се водат како исчезнати,пренесе Телеграф.рс.
Регион
Петар Колев: Со затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола,властите во Скопје сакаат да ни кажат дека не нè почитуваат

Поколебливата политика на Бугарија им задава тежок удар на нејзините национални интереси на Балканот. Мораме јасно еднаш засекогаш да кажеме дека сме дел од евроатлантскиот свет – НАТО и Европската Унија и да ги искористиме алатките што ни ги обезбедува ова членство за да ја натераме Република Македонија да не почитува, вели Петар Колев, извршен директор на БГНЕС.
Тој додава дека затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола е јасен сигнал кој властите во Скопје сакаат да ни кажат: не ве почитуваме, не нè интересирате. Секогаш кога Македонија треба да постигне некоја стратешка цел, таа ја започнува својата агресивност кон Бугарија. Ова е олицетворение на политиката на институционална омраза кон Бугарите кои живеат таму.
Колев прашува до кога ќе го трпат ова? Бугаринот има една лоша особина – бескрајна добрина, која властите во Скопје ја злоупотребуваат. Бугарија има широк спектар на алатки за да влијае на PCM. Еден од нив е со давање бугарско државјанство на луѓе со бугарска самосвест таму да бидат извлечени од мочуриштето откако РСМ одлучи дека не сака да стане членка на ЕУ.
Тој наведува дека повеќе од јасно е дека зад конфликтот меѓу РСМ и Бугарија стои Москва, која ги поддржува аспирациите на Белград. Зошто ние Бугарите се плашиме да се спротивставиме на руските интереси на Балканот? За што сме загрижени? Македонија е последниот остаток од Коминтерната и комунизмот. Само во Москва и Скопје забрануваат организации со ретроактивно дејство.
Колев вели дека Бугарските институции мора јасно да му стават до знаење на бугарскиот народ дека РСМ сè уште не започнала преговори за влез во ЕУ благодарение на францускиот предлог.
Бугарските институции мора да му дадат сигнал на бугарското општество какви конкретни мерки ќе бидат преземени по бришењето на клубот „Иван Михаилов“ во Битола, што конкретно ќе се прави во врска со претепувањето на Христијан Пендиков, кој со месеци закрепнува.
И МНР и бугарските служби имаат развиено стратегии, таму работат достојни Бугари. Нашите политичари да ги читаат, а нашите институции да почнат да дејствуваат конкретно, изјави Петар Колев, извршен директор на БГНЕС.
Регион
Граѓанин на Србија застрелан во кафуле во Загреб

Загрепската полиција соопшти дека 36-годишен државјанин на Република Србија бил застрелан во кафуле во Загреб и дека му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.
Како што се наведува, пукањето се случило во средата околу 22.30 часот во ресторан во Дубрава на авенијата Дубрава, пренесува порталот „Индекс“.
Според полицијата, државјанинот на Република Србија најпрвин вербално се пресметал со непознатиот сторител, кој потоа испукал неколку истрели од огнено оружје.
Еден од истрелите го погодил 36-годишниот маж во ногата и му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.
Од полицијата посочуваат дека во тек е кривична истрага по што ќе се знаат деталите за случајот.