Регион
Пилот од Грција ја задавил сопругата – лажел дека ја убиле разбојници, но го издал паметниот часовник

Пилот на хеликоптер од Грција е виновен за убиството на неговата сопруга Керолин Крауч, одлучи судот во Атина.
Гркот Бабис Анагностопулос (34) го призна убиството во јуни минатата година, само неколку недели откако телото на неговата сопруга беше пронајдено во неговата куќа на периферијата на Атина, пишува Би-би-си. Керолин имаше само 20 години.
Пилотот тврдел дека во неговата куќа се случила кражба и дека неговата сопруга била жртва на насилни провалници. Но, на мобилните телефони и паметниот часовник на парот се пронајдени докази кои ја побиваат приказната на пилотот.
Судот утврди дека убиството го извршил со умисла. Покрај сопругата, го убил и нивното куче.
Анагностопулос беше уапсен по комеморацијата за Каролин во близина на неговата семејна куќа на егејскиот остров Алонисос. Иако Каролин е родена во Велика Британија, детството го поминала во Грција.
За време на комеморацијата, Анагностопулос ја прегрна мајката на неговата покојна сопруга. Обвинителите рекоа дека Анагностопулос ја задавил Каролин додека таа спиела. Полицијата соопшти дека пилотот го признал убиството по осум часа испрашување.
Тој првично тврдеше дека разбојниците влегле во нивната куќа и го врзале, но подоцна во полиција признал дека во последните месеци често се карал со сопругата. Паметниот часовник на 20-годишната девојка покажа дека нејзиното срце сè уште чукало во моментот кога Анагностопулос тврдеше дека била убиена од разбојниците.
Мобилниот телефон на пилотот го покажал неговото движење кобниот ден и било докажано дека се движел низ куќата додека рекол дека бил врзан. Дека неговата приказна била лажна покажа и времето кога биле отстранети картичките со податоци од безбедносната камера дома. И тоа беше во спротивност со приказната на пилотот.
Судот допрва треба да донесе конечна пресуда и да соопшти каква казна ќе треба да одлежи пилотот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сопругата на хрватскиот претседател вршела притисок да му ги поправат оценките на син ѝ

Хрватското Министерство за образование и наука отвори инспекциска постапка во училиштето во кое учи синот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ откога неговата сопруга, како што тврди „Јутарњи лист“, извршила притисок врз директорот на училиштето да му ги смени веќе заклучените оценки на син ѝ, и тоа од четворки во петки.
Според весникот, Сања Мусиќ-Милановиќ на 24 јуни испратила имејл до директорот на училиштето на син ѝ, класниот раководител и до училишниот психолог наведувајќи ги неправилностите во наставата по математика како причина за промената на оценките.
Ова предизвика бран реакции во медиумите поради наводниот притисок на сопругата на претседателот да му ги зголеми оценките на синот, така што просекот на сите негови оценки би бил пет, пренесуваат хрватските медиуми.
Според „Хина“, Милановиќ денеска изјавил дека не знаел за писмото на сопругата до училиштето и дека тој немало да го напише. Милановиќ исто така ја нападнал и компанијата „Ханза медија“, сопственик на „Јутарњи лист“, поради објавување напис на оваа тема.
„Не знаев. И јас не би бранел нешто само затоа што жена ми го направила. Кога се занимаваш со ваква работа, тоа всушност ништо не значи, но, според мене, тука е многу помалку важно од начинот на кој криминалната организација „Ханза медија“ ја подготвила“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека со тоа писмо неговата сопруга оставила „бразда длабока три метри“.
„Да ми го направеше тоа мајка ми кога имав 17,5 години, ќе полудев“, изјави Милановиќ. „ Но, мама е мама, сега мама остави пишан белег“, рече Милановиќ.
Хрватскиот претседател смета и дека цел на текстот во весникот не е неговата сопруга, туку лично тој.
Регион
(Видео) „Да станам да му го скршам носот“, избегната тепачка во собранието во Црна Гора

Во Собранието на Црна Гора беше избегната тепачка по жестока расправа меѓу пратениците, информираат тамошните медиуми.
Пратеникот Марко Милачиќ го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер Владимир Јоковиќ дека зел кредити и купил диплома на бензинска пумпа во Затон.
"Da se dignem bre da mu nos slomim." pic.twitter.com/5eLPCVH395
— Peruci (@Kardinal1876) July 5, 2022
На ова реагираше пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ, кој изјави дека се работи за измислици.
Меѓутоа, по тоа дошло до расправија и закани, а за малку и до физичка пресметка. За да се избегне влошување на ситуацијата била дадена пауза, јавуваат медиумите.
Регион
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.