Регион
Пијана Србинка истепала маж во автобус во Минхен, зашто и` рекол да стави маска

Жена со српско потекло ги шутирала патниците во јавниот превоз во Минхен, кои од неа барале да ги почитува мерките за носење маска.
Бидејќи не носела маска, еден маж ѝ пришол на 22-годишната жена барајќи од неа да ја стави, како што е пропишано. Потоа следела вербална расправија која се претворила во тепачка.
Според полицијата, жената го шутнала мажот во стомакот, а за време на тепачката, тој добил неколку гребаници на раката. Покрај тоа, таа му го откинала синџирчето и му го оштетила мобилниот телефон. Германската полиција, која била предупредена поради тепачка во јавниот превоз, ги раздвоила двајцата патници.
При утврдувањето на причината за ситуацијата, жената ги навредувала чуварите и неколкупати ги клоцала. Патем, таа била во алкохолизирана состојба, како што подоцна било утврдено, во крвта имала 2,66 промили алкохол.
Полицијата започна истрага за нанесување телесни повреди, навреди, како и нанесување штета. Исто така, поднесена е пријава за непочитување на мерките за корона, за што ќе биде казнета со 250 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грчки пратеник казнет за непочитување на забраната за движење

Пратеникот на грчката владејачка партија, Милтос Хрисомалис е казнет за време на инспекција во Атина, за кршење на забраната за движење, објавија денеска грчките медиуми.
Хрисомалис е казнет со 300 евра затоа што бил пронајден во холот на хотел во луксузната област Колонаки, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Имено, во холот на хотелот можат да бидат само регистрираните гости.
Нова демократија во соопштението за јавноста соопшти дека генералниот секретар на парламентарната група на партијата, Јоанис Бугас, сериозно го прекори својот пратеник.
Во изјава за информатичката страница „Прото тема“, Хрисомалис рече дека бил на состанок со новинар и дека и двајцата имале маски.
Регион
СПЦ: Српскиот патријарх Порфириј без прекин ги извршува сите должности

Српската православна црква денеска соопшти дека српскиот патријарх Порфириј, строго придржувајќи се до сите обврзувачки епидемиолошки препораки и мерки, без прекини ги извршува сите патријархални административни задачи и должности.
„Патријархот Порфириј им изразува татковска благодарност на сите од татковината и од разни делови на светот, кои вчера, како и денес, од раните утрински часови се појавија во патријаршискиот двор во Белград изразувајќи молитвена загриженост за неговото здравје“, се наведува во соопштението од СПЦ.
Српскиот патријарх Порфириј од вчера е превентивно во изолација поради контакт со свештеник заразен од коронавирус.
Регион
Во Хрватска 667 новозаразени од коронавирус, 9 починати

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави денешните податоци за новозаразени лица во Хрватска.
Во последните 24 часа евидентирани се 667 нови случаи на САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.558. Меѓу нив, 740 пациенти се во болница, од кои 69 се на апарати за дишење. Починале 9 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се забележани вкупно 244.872 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5,564 починале, 235.750 закрепнале, од кои 422 во последните 24 часа. Во моментот 14.456 лица се во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.368.448 лица, од кои 6.965 во последните 24 часа.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер