Контакт

Регион

Пожар на грчки остров, евакуирани 70 туристи

Објавено пред

Голем пожар избувна во боровите шуми на грчкиот остров Алонисос, на источното грчко крајбрежје, при што беа евакуирани 70 туристи од хотел во близина на опожарената шума.

Седумнаесет пожарникари со два хеликоптера и четири возила сè уште се борат целсоно да го изгаснат огнот.

Градоначалникот на островот за грчките медиуми изјави дека пожарот бил подметнат, а досега изгореле 50-60 хектари борова шума.

Регион

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Објавено пред

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири лица.

Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца ученици и возач на автобус. Од болницата соопштија дека не е познат бројот на повредени, пишува Косово онлајн.

Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица на возраст од 18 и 17 години.

Албанските медиуми ги објавија имињата на жртвите. Загина возачот Г.Ѓ. и учениците Л.Х. и Г.М. Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку ученици се повредени.

Градоначалникот на Дечани, Баским Рамосај потврди дека вечерва се убиени три лица откако врз нив било пукано во автобусот во кој се возеле учениците.

„ Возачот починал на лице место, додека двајца ученици починале во болница“, рече Рамосај.

Рамосај рече дека автобусот превезувал ученици од Ѓаковица до Дечани.

Според неофицијални информации, нападот се случил поради одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

Прикажи повеќе...

Регион

Полицијата во Загреб од авион исфрли 15 патници

Објавено пред

На меѓународниот аеродром во Загреб од лет за Брисел биле исфрлени 15 лица, а властите соопштија дека нелегално биле во авионот.

Новинарка на „Јутарњи лист“, која била патник на овој лет, пријавила дека во 16:30 часот на летот за Брисел на авиопревозникот „Рајанер“ се качиле околу сто патници, по што дошле стјуардите и симнале прво десет, а потоа уште пет патници.

Потоа на патниците им се обратил капетанот, кој им рекол дека сите мора да го напуштат авионот и да се вратат на чекирање, поради што тие негодувале, но се вратиле во зградата на аеродромот.

На излезот од авионот имало неколку полицајци кои изолирале 15 патници, исклучиво мажи.

Во 17:45 часот патниците повторно се качиле во авионот, но без лицата кои полицијата ги изолирала, кои биле однесени поради кривична истрага.

Прикажи повеќе...

Регион

Средба Маричиќ – Абазовиќ во Подгорица: Продолжување на реформите за стабилен Западен Балкан

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој е во дводневната посета на Црна Гора, се сретна со потпретседателот на владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а тема на разговорите беа реформите и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Двете земји имаат навистина блиски пријателски односи, но потребно е да се интензивира соработката, пред сѐ, во размената на искуствата на двете земји во областа правосудство и владеење на правото.

„Ние со Црна Гора имаме навистина одлична соработка, искрено пријателство, нема отворени прашања и единствено што ни останува е да се интензивира соработката и да земаме како држава искуства во процесот на преговори со Унијата“, изјавил Маричиќ на средбата.

Министерот за правда за време на посетата на Подгорица ќе се сретне и со својот црногорски колега Секуловиќ и со државите секретари на Министерството, а ќе се обрати и на панелот „ЕУ-интеграциски политики во Западен Балкан – Како да се одржува агендата за ЕУ-интеграција?“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања,...

Македонија45 минути

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија47 минути

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа2 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави...

Македонија4 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа5 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет5 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Досие