Контакт

Регион

Полицијата во БиХ фатила 11 лица додека печеле јагне за време на полициски час

Објавено пред

Полицијата во Босна и Херцеговина прекршочно казнила единаесет лица поради кршење на забраната за движење за време на полициски час, потврдија властите во земјата.

Полициска патрола пронашла група составена од единаесет лица кои печеле јагне на излетничко место кај Србац во средата вечерта.

Меѓу нив имало и лица над 65 години, на кои им е целосно забрането да ги напуштат своите домови, а другите ја прекршиле забраната за напуштање на своите домови помеѓу 20 и 5 часот наутро.

„На лицата им се издадени прекршочни налози во согласност со одредбите на Законот за јавниот ред и мир“, соопшти полицијата.

Полицијата уште еднаш апелира да се почитуваат ограничувањата што се применуваат за време на полицискиот час предупредувајќи дека тоа е исклучително важно за да се спречи ширење на коронавирусот.

 

Регион

Во БиХ уапсена српска старлета поради проституција

Објавено пред

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 16 лица во рација во околината на Бјелина, меѓу кои е и српска старлета, а запленети се и најмалку десет пиштоли и кокаин, објавено е денеска.

Полициската управа во Бјелина потврди дека нејзините членови извршиле рација во куќа во близина на градот во североисточна Босна. Операцијата била спроведена во соработка со српската и словенечката полиција, а усапсени биле 15 мажи и една жена.

Потврдено е дека станува збор за Тијана Максимовиќ (28) од Рума во Србија, која на естрадата се претставува со името Тијана ајфон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Maksimovic (@ticamaksimovic) on

Полицијата ги сомничи за кривични дела недозволено производство и трговија со наркотици, недозволено производство и трговија со оружје и проституција.

При претресот, полицијата пронашла десет пиштоли, 14 пакувања кокаин, девет таблети медицински лекови, три панцири и околу десет илјади евра во различни валути, пренесува „Индекс.хр“.

Медиумите во БиХ наведуваат дека Максимовиќ е под истрага за поттикнување на проституција, а заедно со неа биле приведени уште три девојки од Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

На малчанскиот бербер му се заканува казна затвор од 10 години до доживотен затвор

Објавено пред

Судскиот процес против Нинослав Јовановиќ (47) од Малча, попознат како малчанскиот бербер, осомничен дека ја киднапирал и 10 дена ја злоупотребувал малолетната М. К. (12) од Суви Дол, ќе почне утре пред Високиот суд во Ниш.

Вишото јавно обвинителство во Ниш поднесе обвинение против Јовановиќ на крајот на март, но поради заштитата на интересите на малолетната оштетена странка во овој случај, не беше објавена правна квалификација на кривичното дело за кое се товари. Истрагата против Јовановиќ беше спроведена поради кривични дела киднапирање и силување дете.

Овие кривични дела се казнуваат со затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Регион

Повторното тестирање покажа дека жената од Хрватска, која оздраве од коронавирусот, не е позитивна

Објавено пред

Пациентката, која беше тестирана на коронавирус и чиј тест беше позитивен, при повторното тестирање доби негативен резултат, јавија од задарскиот стожер и доставија извештај од раководителот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравје на округот Задар, д-р Алан Медиќ.

„Една 71-годишна пациентка разви симптоми на Ковид-19 и првиот резултат на тестот беше позитивен на 4 април 2020 година. Беа извршени контролни тестови на 24 и 26 април 2020 година и резултатите од тестот беа негативни.

На 27.5.2002 година пациентката се пријавил во Општата болница „Задар“ за супфебрилитет. Бидејќи секој пациент со фебрилна состојба се тестира на Ковид-19 во Општата болница, пациентката била тестирана и резултатот од тестот бил позитивен.

Денес, 28.5.2002 година, тестот се повторува и резултатот е негативен. Друг примерок на пациентката е испратен до Хрватскиот институт за јавно здравје на Одделот за директна виролошка дијагностика за понатамошно следење на епидемиолошки и дијагностички мерки и активности. Пациентката е во добра здравствена состојба. Беа преземени сите антиепидемиски мерки за блиските контакти на пациентката, кои како претпазливост беа ставени под медицински надзор.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија1 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија1 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија3 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија4 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија4 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија5 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија5 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија6 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија7 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија8 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија8 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија8 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион9 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија23 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа24 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија1 ден

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Досие