Регион
Поранешниот албански министер за внатрешни ослободен од обвиненијата за шверц на дрога

Албанскиот суд ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, но го осуди на три години условна казна за злоупотреба на службената положба.
Обвинителите бараа 12-годишна затворска каза за Тахири, кој е еден од најблиските соработници на премиерот Еди Рама, за корупција, трговија со дрога и вмешаност во криминална група.
Пресудата доаѓа еден месец пред земјите членки на Европската Унија да се сретнат за да одлучат дали ќе го поддржат почнувањето преговори за членство на Албанија во блокот.
„Судот рече дека не сум криминалец ниту шверцер со дрога и не сум дел од криминална група, но ме прогласи за виновен за злоупотреба на службената должност затоа што користев ист автомобил со некои братучеди“, изјави Тахири пред новинарите по пресудата, која беше изречена шест часа подоцна од предвиденото.
Случајот против поранешниот министер беше отворен откако записите од телефонски разговори на трговци со дрога, уапсени во Италија, наводно, сугерирале дека Тахири, нивни далечен братучед, го потпомогнал нивниот криминал.
Владејачките социјалистички пратеници ги отфрлија повиците за укинување на имунитетот на Тахири, но тој самиот го повлече во мај, откако државите на ЕУ побараа од Тирана да направи сериозни напори да се бори против корупцијата, доколку сака да влезе во унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.
Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин сè уште не е покренато обвинение.
Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината, ги очекува казна затвор од седум до десет години.
Во неделата околу 5 часот утрото полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.
Полицијата објави видеоснимка од надзорните камери на која се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.
Регион
Тачи: Провокација е пораката на Вучиќ дека Србија сака компромис, но не е и признавање на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја оцени како провокација изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да преговара за компромисно решение со Косово, но дека таа нема да го признае.
„Пораката од Белград дека треба да се најде компромис без да се признае Република Косово е провокација. Независноста на Косово е компромис. Дијалогот е можен само под еден принцип: двете земји меѓусебно се признаваат како рамноправни соседи и се придвижуваат кон евро-атлантското семејство“, напиша Тачи на Твитер.
Претходно денеска, Вучиќ за „Катимерини“ изјави дека Србија отсекогаш барала компромис и не сака да наметне решение што ќе биде во интерес само на едната страна.
„Ние сме подготвени и отворени за преговарање за какво било компромисно решение. Некои спомнуваат други модели, но не нудат ништо специфично. Ако некој смета дека ќе дојде во Белград и ќе ни каже дека ние ќе го признаеме Косово како независна земја, тоа нема да се случи“, рече Вучиќ, пренесе „ОНАСА“.
Регион
По Сараево, и Косово го прогласи Хандке за персона нон-грата

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, истакна дека Питер Хандке, овогодишниот добитник на Нобелова награда за литература, е персона нон-грата во Косово.
„Денес решив да го прогласам Питер Хандке за персона нон-грата во Косово, заради поддршката што му ја даде на Милошевиќ и неговите геноцидни политики во Косово и во Босна и Херцеговина, како и негирањето на геноцидот извршен од страна на Србија. Тој и Нобеловата награда покажаа непочитување кон жртвите на геноцидот”, напиша Пацоли на „Твитер“.
Today I have decided to declare Peter #Handke as persona non-grata in #Kosovo because of the support he gave to Milosevic and his genocidal policies in #Kosovo & #BiH & denial of the genocide committed by Serbia. He & the @NobelPrize showed disrespect to the victims of genocide.
— Behgjet Pacolli (@pacollibehgjet) December 11, 2019
Сараево порано во текот на денот го прогласи Хандке за непожелно лице.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми