Контакт

Регион

Прашањето за границите на Балканот е засекогаш затворено, изјави портпаролот на Европската Комисија

Објавено пред

Официјални претставници на Европската Унија (ЕУ) велат дека прашањето за границите на Западен Балкан е затворено прашање.

„Позицијата на ЕУ во врска со ова прашање е добро позната. Ние сме апсолутно против каква било промена на границите. Ова е нешто што можеме да го затвориме еднаш и засекогаш“, рече портпаролот на Европската комисија (ЕК), Ерик Мамер.

Тој ги изнесе наводите откако беше запрашан за таканаречениот „нон-пејпер на Јанша“, за кој регионалните медиуми објавија претходно во април, според кои словенечкиот премиер Јанез Јанша испратил документ во седиштето на ЕУ, тврдејќи дека дезинтеграцијата на поранешна Југославија не е завршена.

Портпаролот на ЕК повтори дека никој никогаш не го видел нон-пејперот во европските институции, ниту дека има такви идеи на европско ниво.

„За сите можни документи што пристигнале или ќе пристигнат – нашата позиција во врска со ова прашање (промена на границата) е крајно јасна“, рече Ерик Мамер, портпарол на ЕК.

Според регионалните медиуми, „нон-пејперот на Јанша“ наводно зборува за прецртување на границата меѓу Србија и Косово, а се предвидува и можност за отцепување на Република Српска, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанско мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, западна Херцеговина, кон Хрватска.

Европските официјални лица веднаш го демантираа постоењето на документот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Рекорд во Бугарија – 32.482 лица вакцинирани за еден ден

Објавено пред

Во Бугарија денеска се вакцинирани 32.482 лица, што е нов рекорд по бројот на вакцинирани против коронавирус за еден ден, рече министерот за здравство, Костадин Ангелов, и додаде дека целта е да се достигнат 50.000 вакцинирани за еден ден.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември лани, 877.124 лица ја примиле првата доза, а 251.202 втората доза, пренесува порталот „Софија глоуб“.

„Наскоро ќе имаме милион вакцинирани граѓани“, рече тој, додавајќи дека последните податоци за епидемијата покажуваат тренд на опаѓање.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија – угостителските објекти може да примаат гости и во затворените делови

Објавено пред

Од утре угостителските објекти во Србија може да примаат гости и во затворените делови. Тие ќе работат до 22 часот, со 50 проценти капацитет и без музика по 18 часот.

„Денес, донесовме одлука кафулињата и рестораните да работат и во затворените делови, но според сите мерки, само до 50 проценти од користењето на просторот, мора да се почитува растојанието помеѓу гостите од еден и пол до два метра, нема да има музика ниту во живо ниту обична по 18 часот затоа што тогаш луѓето викаат за да може да се чујат што зборуваат“, рече епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ по седницата на кризниот штаб, објави „Танјуг“.

Тој рече дека кога ќе има помалку од 100 заразени на дневно ниво, ќе може сè да работи нормално.

Прикажи повеќе...

Регион

Истражување на „Глобсек“: Црна Гора е најруската членка на НАТО, две третини од Македонците се приврзани кон Русија

Објавено пред

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето на институтот „Глобсек“ од Братислава.

Студијата се занимава со влијанието на Русија врз земјите од Централна и Источна Европа и Западен Балкан. Резултатите од извештајот се базираат на анкети на јавното мислење, а анкетирано е населението на Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија и Словачка.

Граѓаните на Македонија имаат многу мала перцепција дека Русија е закана. По Србија, Северна Македонија најмногу верува дека Русија е најсилната светска велесила, додека две третини од населението негува чувство на поврзаност со Русија преку словенското братство. Една третина од граѓаните сметаат дека НАТО е одговорен за докажување на Русија и дека Западот неправедно ја обвинува Русија за разни дела, се наведува во истражувањето.

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето.  Според истражувањето, мнозинството граѓани на Црна Гора сметаат дека Русија е братска земја, поради што ја прифаќаат реториката што ја претставува Русија како жртва.

Според наодите на „Глобсек“, поддршката на Црна Гора за Запад е 35 проценти, додека 25 проценти од испитаниците се ориентирани кон Исток, што е убедливо најголем процент од сите земји опфатени со истражувањето.

Младите во Македонија, како и нивните врсници од Црна Гора, Србија и Унгарија, честопати ја гледаат Русија како стратешки партнер.

„Објаснувањето е веројатно во фактот дека тие (младите) се родени значително по завршувањето на комунизмот, поради што тие почесто стануваат жртви на проруската и антизападната политика. Граѓаните на Црна Гора, 38 проценти од нив, веруваат дека Русија е најважниот стратешки партнер. Од сите девет земји во кои беше спроведено истражувањето, 59 проценти од граѓаните на Србија ја гледаат Русија како доминантен партнер“, се вели во извештајот на „Глобсек“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија4 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија5 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа6 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија6 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион8 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет8 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет9 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет10 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет10 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија22 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија1 ден

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија1 ден

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Досие