Контакт

Регион

По удар од молња, авионот на „Монтенегро ерлајнс“ пренасочен кон Белград

Објавено пред

Авионот на „Монтенегро ерлајнс“, кој во вторникот беше погоден од гром во областа на Скадарското Езеро, а кој леташе од Париз до Подгорица, беше пренасочен кон аеродромот во Белград.

На вчерашниот лет од Париз до Подгорица, поради лошите временски услови, додека се приближуваше кон аеродромот во Подгорица, капетанот на авионот Embraer E195 одлучи авионот да го пренасочи на алтернативниот аеродром во Белград, сопштија од авиокомпанијата.

Како што изјавија, ваквите случаи не се непознати во светот на воздухопловството.

Патниците подоцна беа вратени во Подгорица со друг авион на истата компанија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Брнабиќ: Ситуацијата во регионот е полоша од пред неколку години

Објавено пред

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, порачала дека Србија не може да биде стабилна без стабилен регион и мора да продолжи да вложува во регионалната стабилност.

На крајот на нејзината посета на Лондон, Брнабиќ рекла дека имала кус разговор со албанскиот премиер Еди Рама за некои неодамнешни изјави.

„Го замолив да седнеме и да видиме до кај сме, да повлечеме линија и да кажеме дека сè понестабилен регион не нè води никаде. Тоа на сите ќе ни се удри во глава, ајде да видиме како можеме да продолжиме да ја јакнеме регионалната стабилност и поврзаност“, рекла Брнабиќ.

Таа додала дека ситуацијата во регионот денес е полоша отколку од пред неколку години, пред сè, како што рекла, заради Приштина.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Објавено пред

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во белградската населба Сурчин. Според српските медиуми, полицијата смета дека зад убиствата стои Драгослав Јовановиќ, кој минатата недела пукаше во својата сопруга и ја рани. Потоа пукаше во себеси, нанесувајќи си фатални повреди од кои почина по неколку дена.

Како што пишува „Вечерње новости“, Јовановиќ најверојатно ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама. Како што пишува српскиот весник, станува збор за бизнис-соработникот на Јовановиќ, 42-годишниот Ш. Н., неговата 75-годишна мајка Ш. Д. и 80-годишната тетка П. М. Убиецот, наводно, пред да ги убие се изживувал врз нив.

Како што дознава „Блиц“, околу вратот на убиената 75-годишна жена имала јаже, кое на другиот крај било врзано за бетонски блок.

Трите лица исчезнале на 10 јуни. Драгослав Јовановиќ истата вечер пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата. Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил неговиот татко, кој изјавил дека се сомнева дека неговиот син ги убил.

„Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет“, изјавил извор од истрагата за српски „Телеграф“.

Според истрагата, клучно за разветлување на случајот било сведочењето на вработена во автоперална, која видела крв во возилото на Јовановиќ.  Тој тогаш и се заканил дека не смее ништо да каже.  Во меѓувреме бил пронајден и телефонот на исчезнатиот Ш.Н. , што помогнало да бидат пронајдени трите тела кои биле фрлени во септичка јама.

Прикажи повеќе...

Регион

Нови прислушувани разговори против Рама, тој најави тужба

Објавено пред

Германскиот весник „Билд“ објави нови снимки од прислушувани разговори на кои се слуша како функционери од владејачката Социјалистичка партија во Албанија се договорат за закани, купување и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја.

На прислушуваните разговори се слушаат гласовите на актуелниот албанскиот премиер Еди Рама, поранешниот министер за економија, директорот на албанското Министерство за внатрешни работи, Арбен Кеши, и други официјални претставници на Социјалистичката партија во земјата.

И во други прислушувани разговори функционери на Социјалистичката партија бараат купување и манипулации со гласови. Веднаш по објавувањето на снимките, Јавното обвинителство за сериозни кривични дела најави истрага против лицата што ги извадиле ваквите материјали од датотеките.

„Обвинителството за сериозни кривични дела внимателно ја следи новата ситуација без преседан, која сериозно влијае на имиџот на албанската обвинителска канцеларија, а е настаната со кршење на законот“, се вели во соопштението на јавниот обвинител.

Албанскиот премиер, пак, по овој повод најави тужба против германскиот новинар Питер Тиде.

По ова, на „Фејсбук“ тој доби одговор од Тиде, кој напиша дека Рама не чул за независно судство, па затоа повикува на истрага од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет12 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ13 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија14 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа16 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија18 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија18 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет18 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион19 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија20 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт21 час

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет21 час

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет22 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија22 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија23 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток2 дена

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие