Контакт

Регион

Прв случај на флурон во Хрватска – истовремено заболување од Ковид-19 и свински грип

Објавено пред

Во Хрватска е потврден првиот случај на флурон кога едно лице е заразено од коронавирус и од грип во исто време, потврди началникот на Службата за клиничка микробиологија, Јасмина Вранеш, за хрватскиот јавен сервис ХРТ.

Првиот случај на флурон е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб.

Според информациите, станува збор за комбинација на грип и корона, а според информациите од Институтот се работи за вирусот на инфлуенца А, таканаречениот сој на свински грип H3N2.

Во таа институција вчера биле регистрирани 50-ина отсто позитивни на Ковид-19, што е многу повеќе пред седум дена кога имало 30 отсто позитивни примероци, рече Вранеш.

Таа додаде дека е реткост некој третпат да заболи од корона, но дека има и двапати заразени иако се вакцинирани. Вранеш нагласи дека се следи состојбата со омикрон, кој многу полесно се шири, а инкубацијата е пократка, од пет до седум дена, пренесе „Хина“.

Првиот светски случај на флурон е забележан минатата недела во Израел.

Регион

Брнабиќ: Не е отстранета опасноста од атентат на Вучиќ, осомничените се надвор од дофат на службите

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека во овој момент главните осомничени за планирање на атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ се надвор од дофатот на безбедносните служби. Меѓу нив има и двајца црногорски државјани, но и државјани на земји од и надвор од Европската Унија, пренесуваат медиумите во соседството.

Брнабиќ изјави дека службите деноноќно работат на пронаоѓање на оние кои го планирале атентатот на претседателот на Србија.

„Она што е важно да го нагласам за сите наши граѓани – дури и во овој момент, сите оние кои се осомничени и за кои имаме докази се надвор од дофатот на нашите безбедносни служби. Значи, не можеме да дојдеме до нив“, рече Брнабиќ за РТС.

Според неа, во планирањето на убиството на Александар Вучиќ се вмешани двајца црногорски државјани, но и лица од други земји – и внатре и надвор од Европската Унија.

„Апсолутно им верувам на нашите безбедносни служби, тие немаат лесна задача, имаат исклучително тешка задача, сите безбедносни служби работат заедно – сите даваат сè од себе. Верувам дека ќе го спречиме ова. Дали се чувствувам безбедно во овој момент и дека не постојат проблеми – не, не го чувствувам тоа. Имаме уште многу работа, не сме ја отстраниле безбедносната закана по животот на претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека ќе го направиме тоа, но имаме да работиме уште многу, дење и ноќе“, вели таа.

Прашана дали има доверба во оние кои директно го обезбедуваат претседателот, премиерката рече дека неговата безбедност во моментов е на максимум.

„Постојат неколку безбедносни обрачи околу претседателот Вучиќ. Немам информации што се појавија во медиумите дека имаме такви сомнежи. Момците кои се во непосредното обезбедување веруваат дека во секој момент би ги дале своите животи за него, тие се сериозни луѓе, сериозни патриоти и сериозно лично го сакаат претседателот“, рече Брнабиќ.

„Споделуваме информации и се бориме претседателот Александар Вучиќ да биде безбеден“, кажа таа.

Додаде дека безбедноста на границите е максимално зајакната, бидејќи се верува дека оние кои планираат напад врз претседателот ќе се обидат да влезат во земјата од странство.

„Тие секако имаат свои скривалишта во Република Србија. Тие не се под директен надзор, што е проблем за мене – сите оние кои се одговорни и вклучени во ова не се на дофат на нашите безбедносни служби. Јас сум се разбира најбезбедна кога се во доменот на нашите служби, иако верувам во странски партнери“, рече Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Јанев: Ниту еден бугарски војник нема да учествува во конфликтот во Украина, без одлука во Собранието

Објавено пред

Ниту еден бугарски војник нема да учествува во конфликт или операција на територијата на Украина или на друга земја без овие одлуки да бидат донесени во оваа сала на Националното собрание.

Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, информирајќи ги пратениците за ставот на Бугарија за руско-украинската тензија, јави репортерот на „Бгнес“.

Тој смета дека присуството на бродови во Црното Море не носи сериозни конфронтации.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на Милановиќ

Објавено пред

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека поради изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, во Министерството е поканета хрватската амбасадорка во Украина, Аница Ѓамиќ.

Милановиќ вчера, меѓу другото, изјави дека на Украина не ѝ е местото во НАТО и ги повика САД за поттикнување „државен удар“ во 2014 година.

Тој изјави дека Хрватска нема да биде пожарникар во врска со последните настани во Украина и дека секој последен хрватски војник ќе биде повлечен од Украина доколку дојде до ескалација.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли изјавите на Милановиќ дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина, бидејќи таму ги нема.

Милановиќ претходно изјави дека Украина сè уште е една од најкорумпираните земји во светот, таа економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“. Тој исто така рече дека Хрватска нема никаква врска со конфликтот во Украина и дека доколку тој ескалира, ќе се повлече до последниот војник.

„ Колку што знам, нема хрватски војници во Украина“ – изјави премиерот на новинарите и додаде дека токму деновиве се вратил контингентот на хрватската војска што бил во Полска.

„ Изјавите на Милановиќ се нереални, навредлива е неговата изјава за Украина како корумпирана земја“, рече тој, пренесува „Танјуг“.

„ Со ова им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада и се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска“, рече Пленковиќ.

На новинарско прашање дали хрватските војници, членки на НАТО, ќе учествуваат во операцијата доколку дојде до конфликт, премиерот одговори со контрапрашање: „Од каде се сите овие тези?“.

„Политиката на Хрватска е да ги деескалира тензиите, да спречи евентуален конфликт, да го поддржува територијалниот интегритет на Украина“, рече Пленковиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ3 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа3 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија5 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа6 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа7 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија20 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија20 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија22 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија23 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ23 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Досие