Контакт

Регион

Премиерката на Србија јавно проговори за својата сексуална ориентација, но и за дискриминацијата

Објавено пред

Во интервју за белградското прајд-списание „Понос“ премиерката зборуваше за својата сексуална ориентација, но исто така и за дискриминацијата со која, вели таа, секојдневно се соочува. Ја има поддршката од своите најблиски и се надева дека приказните за поделба на геј и стрејт нема да бидат табу.

Таа вели дека кога ја прифатила работата во владата на Србија, прво како министерка и потоа како премиерка, не ѝ пречело тоа што нејзината сексуална ориентација ќе биде нешто за што луѓето ќе се фатат. Српската премиерка првпат јавно проговори за својата определба, дискриминација и партнерка.

Сепак, вели таа, навреди имало и таму каде што не очекувала. Имено, од т.н. демократска и европска елита ги добила најголемите навреди и несоодветни коментари, меѓу кои се истакнува називот хомопремиерка или прашањата од типот – дали геј-премиерките имаат некој посебен третман во затвор или се третирани на ист начин како и секој друг. И овие коментари дојдоа од луѓе што во минатото изгледаа како исклучително либерални, но вистинската вистина очигледно е многу поинаква, вели таа.

Премиерката исто така наведува дека трпи дискриминација и од политичките противници. Таа вели дека ја нарекуваат хомопремиерка, како и тоа дека не знаат дали да ѝ се обратат со господин или госпоѓа.

Според неа, тоа што е некој геј или стрејт не е прашање на избор, туку, едноставно, кој си.

– Како тоа што сте родени бел или црн не е прашање на избор – вели таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Преку 2.000 нелегални мигранти задржани во Турција

Објавено пред

Најмалку 2.212 нелегални мигранти беа приведени низ Турција изминатата недела, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Околу 645 мигранти беа фатени во повеќе операции од страна на жандармеријата во Едрене, на границата со Грција и Бугарија.

Во источните провинции Ван и Ерзурум фатени се вкупно 678 мигранти минатата недела.

Понатаму, во Чанакале, Баликесир, Ајдин, Измир и Мугла, полицијата и жандармеријата фатиле вкупно 654 мигранти кои се обидувале да преминат во Европа преку Грција.

Во јужната област Адана се фатени околу 107 нелегални мигранти, додека, пак, во северозападот на Турција приведени биле 114 нелегални мигранти.

Во областа Хатај, пријавени се осуммина мигранти кои нелегално влегле во Турција од Сирија.

Меѓу приведените се мигранти од Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Египет, Бангладеш, Сенегал, Центрана Африка, Алжир, Мароко, Тунис, Сомалија, Либија, Того, Камерун и Палестина.

Дел од мигранти се задржани во болница за лекување, а голем дел се пренесени во локалните прифатилишта за мигранти.

Според Министерството за внатрешни работи, минатата година во Турција биле задржани околу 268.000 нелегални мигранти.

Прикажи повеќе...

Регион

Гори трезорот на банка во Белград

Објавено пред

Во улицата Цар Душан во Белград се запали трезорот на „Директна банка”.

На теренот се наоѓаат три противпожарни и две полициски возила. Многу луѓе се насобраа пред банката, објави РТС.

На самото место на настанот се упатени екипи на Итна медицинска помош.

Како што известува РТС, нема повредени.

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај напиша на „Фејсбук“ дека не сакаат „Додик република“ во Косово

Објавено пред

Рамуш Харадинај, премиерот во оставка на привремените приштински институции,  се јави на „Фејсбук“ за првпат откако поднесе оставка на функцијата што ја вршеше.

Тој им се заблагодари на сите за поддршката што му ја даваа во изминатите неколку дена и рече дека „не се чувствува осамен”, а потоа го спомна прашањето за признавање на независноста.

Faleminderit të gjithëve. Jeni shumë që më përkrahët këto ditë. Nuk jam ndier vetëm asnjëherë! Tregun për njohje, e jo ndarjen e Kosovës e as Dodik Republikë në Kosovë! RH

Posted by Ramush Haradinaj on Понеделник, 22 јули 2019

„Бараме признавање, а не поделба на Косово, а не ‘Додик република’ во Косово“, напиша тој на „Фејсбук“.

Рамуш Харадинај во петокот поднесе неотповиклива оставка на фукцијата премиер на привремените приштински институции бидејќи, како што рече, добил повик од Специјалниот суд во Хаг како осомничен за воени злосторства.

По седницата на владата во Приштина, тој им се обрати на новинарите објаснувајќи ги причините за неговата оставка, а потоа и со официјалното писмо на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет1 час

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија2 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Свет2 часа

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат...

Економија3 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет6 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет6 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет6 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет7 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет7 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет8 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија18 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија19 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион21 час

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија24 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие