Регион
Премиерот на Хрватска ќе прими вакцина на „Астра зенека“

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ќе биде вакциниран со вакцината на „Астра зенека“, објави „Индекс.хр“.
„Со оглед на тоа дека го прележа коронавирусот, ќе се консултира со лекарите за точниот датум на вакцинирање. Но, тој сигурно ќе биде вакциниран со вакцината на ‘Астра зенека’, потврдено е за „Индекс.хр“ вечерва од Владата.
Порталот наведува дека тоа може да биде релативно брзо, веројатно во следните неколку недели.
Пред една недела, откако започна полемиката со можните несакани ефекти на вакцината на „Астра зенека“, Пленковиќ рече дека ќе биде вакциниран со оваа вакцина.
Досега вакцината на „Астра зенека“ ја примија премиерот и претседателот на Словенија, Јанез Јанша и Борут Пахор, како и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со цел да им докажат на граѓаните дека е безбедна.
Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Кипар, Летонија, Литванија и Канада најавија дека ќе продолжат со вакцинирањето со „Астра зенека“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна, нема што да се менува

Позицијата на Европската Унија е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите, нема ништо што треба да се промени, рече денес портпаролот на Европската комисија, Пeтeр Стано, одговарајќи на новинарско прашање за наводниот нон-пејпер, документ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, според некои медиуми, тој веќе го има испратено во Брисел.
Европската комисија соопшти дека тие не знаеле за ваков документ и дека медиумите треба да ги контактираат словенечките партнери или Европскиот совет, до чиј претседател наводно бил испратен документот, пишуваат агенциите.
„Не сме примиле, виделе или знаеле за таков нон-пејпер, па затоа нема да коментирам нешто што е претпоставена тема на тој документ и за кое велите дека се граници“, рече Стано на брифинг со новинарите.
„Овде нема што да се смени. Позицијата на ЕУ е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите. Нема ништо што треба да се смени тука. Треба да работиме на регионална соработка, помирување, тоа е логиката на процесот на пристапување“, рече Стано додавајќи дека сите можни отворени прашања меѓу земјите во регионот треба да се решат во процес што не навлегува во опасни зони придржувајќи се кон до законите и принципите на ЕУ.
Самиот Јанша ги негира обвинувањата велејќи дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека било тешко да му предаде што и да било во февруари или март годинава.
Регион
Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирусот побавно создава имунитет, но дека, според научниците од „Кембриџ“ и „Оксфорд“, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.
Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската „спутник В“.
„Тоа е класична вакцина, експертите од ‘Кембриџ’ и ‘Оксфорд’ велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата „К1“.
Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните инстант-вакцини, кои се засноваат на еден антиген.
Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 отсто за вакцината против сезонскиот грип.
Регион
Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Дваесет и двегодишен словенечки државјанин е уапсен откога бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.
Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.
При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.
Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, а постапките со мигрантите сѐ уште траат, објави полицијата.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш