Контакт

Регион

Приштина поради Харадинај бара суспендирање на дијалогот со Белград

Објавено пред

 

Косовскиот парламент во четвртокот усвои резолуција во која се бара суспензија на дијалогот со Белград се додека поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и косовски политичар Рамуш Харадинај не биде пуштен на слобода, пренесуваат српските медиуми.

 

Поранешниот командант на ОВК се наоѓа во притвор во францускиот град Колмар поради потерницата којашто по него ја распиша Србија, а според која се товари за воени злосторства над Србите на Косово.

 

Резолуцијата ја предложиле пратениците на Алијансата за иднина на Косово, чиј претседател е Харадинај, а доби поддршка од страна на сите пратенички групи во Парламентот, освен пратеничката група на партијата Српска листа, која не учествува во работата на законодавното тело.

 

Во резолуцијата се повикува на суспензија на дијалогот со Србија се додека Харадинај не биде ослободен. Парламентот во овој документ, испратен и до Европската унија, исто така бара „да се укинат сите потерници распишани од Интерпол по политичарите од Косово, на барање на агресорската држава Србија“.

 

Харадинај беше уапсен во Франција на 4-ти јануари, а одлуката за тоа дали ќе биде испорачан на Србија или пуштен на слобода ќе биде донесена на 6-ти април./крај/мф/бс

 

Најново

Македонија13 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника14 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет36 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија47 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет52 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника1 час

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...