Контакт

Регион

Пронајдена Британката која во Хрватска падна во морето од брод

Објавено пред

Британската државјанка која синоќа падна во морето од брод, утрово е пронајдена и спасена по девет часа, соопшти хрватското министерство за одбрана.

Жената ја пронашле припадниците на крајбрежната стража на 1,3 километри од местото каде паднала во морето, пренесуваат хрватските медиуми.

Во потрагата учествувале авион, чамец и три брода. Таа била префрлена со брод во Пула, а нејзината здравствена состојба е добра.

Регион

Мустафа: Жалиме што оставката на Харадинај е поради Специјалниот суд

Објавено пред

Во врска со оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, се огласи и најголемата косовска опозициска партија, Демократски сојуз. Лидерот на партијата, Иса Мустафа, вели дека неговата партија ја барала оставката на Харадинај, но оти жали затоа што тоа се случило поради Специјалниот суд за воени злосторства во Косово.

Шефот на косовската опозиција во објава на „Фејсбук“ изрази уверување дека „невиноста на Харадинај ќе биде докажана и овој пат“.

„ЛДК во континуитет бараше од оваа влада да поднесе оставка, но чувствуваме жалење што ова се случува поради покана од Специјалните комори (за воени злосторства во 1999 година во Косово). Силно верувам дека борбата на Ослободителната војска на Косово беше праведна и чиста и исто така верувам дека невиноста на господинот Харадинај ќе биде докажана и овој пат“, напиша Мустафа.

Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата премиер, откако доби покана од Специјалниот суд како осомничен за воени злосторства.

Прикажи повеќе...

Регион

Тачи дознал од медиумите за оставката на Харадинај

Објавено пред

Косовскиот претседател,Хашим Тачи изјавил дека за повиците за сослушување пред Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК, каде се упатени Рамуш Харадинај и Бислим Зурапи и неговиот советник, дознал од медиумите.

„Со жалење ја примив веста дека Специјалниот суд на разговор ги повикал мојот советник и поранешниот шеф на главниот штаб на ОВК, Бислим Зурапи, и некогашниот командант на зоната, Дикаќин Рамуш Харадинај, како и уште некои поранешни офицери на ОВК“, рекол Тачи.

Тој додал дека за оставка на Харадинај дознал преку медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Итен состанок на кабинетот на Вучиќ по оставката на Харадинај

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се сретна со своите соработници, како и со претседавачот и српски член во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, веднаш по веста за оставката на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, пренесе Танјуг.

На состанокот, според информациите, учествува и српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и генералниот секретар на претседателот, Никола Селаковиќ.

Како што се наведува, претседателот Вучиќ утре ќе реагира на оставката на Харадинај и за евентуалните импликации од таа оставка.

Харадинај денеска попладнево поднесе оставка, а како причина го наведе повикот на Специјалниот суд да сведочи како осомничен за воени злосторства.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија5 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија5 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија6 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија6 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија9 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија9 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија10 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија11 час

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет12 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт12 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија23 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет24 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет1 ден

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие