Контакт

Регион

Откриени документи: Клинтон ѝ плаќал на Црна Гора да му сврти грб на Милошевиќ

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Бил Клинтон ѝ даваше значајна политичка и финансиска поддршка на Владата на Црна Гора откако претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, се дистанцираше од политиката на Слободан Милошевиќ.

Како што пишуваат црногорските „Вјести”, тоа може да се заклучи од документите кои кон крајот на минатата недела се поставени на сајтот „Претседателската библиотека и музеј на Бил Клинтон“. Во овие документи, меѓу другото, се вели дека администрацијата на Клинтон во 1999 година ја помогна Црна Гора со 55 милиони долари.

Исто така се вели дека Ѓукановиќ и црногорската влада се најсигурната и најефикасна сила за демократијата во Југославија.

Тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт се сретна со црногорскиот претседател кон крајот на 1999 година во Берлин, на состанокот на министрите за надворешни работи на осум најразвиени земји (Г8), а веќе следното лето тие двајца дискутираа во Рим, што се гледа од достапните податоци за состаноците на американскиот претседател и државната секретарка.

Се тврди дека во пресрет на почетокот на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, советникот за национална безбедност на Клинтон, Самуел Бергет, подготвил документ во врска со воените операции на Косово, а во кој за Олбрајт бил наменет делот за Црна Гора.

Регион

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Објавено пред

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е надвор од законот, изјави шефот на дипломатијата на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

„Македонија не издаде сигнали, па со самото тоа црногорските државни органи го третираа Груевски како и секој друг граѓанин што се наоѓа во друштво на дипломати со дипломатски таблички“, рече Дармановиќ, пренесе порталот „Аналитика“.

Запрашан за коментар во врска со бегството на Груевски преку Црна Гора, Дармановиќ вели дека во периодот кога било одлучено експремиерот да побара азил во Унгарија, тој не бил на листата на Интерпол.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај побарал од Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.

Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии граѓани не може слободно да се движат.

„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.

Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.

Прикажи повеќе...

Регион

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Објавено пред

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово, каде што висината на снежната покривка достигнува 25 сантиметри, јавува агенцијата „Танјуг“.

Оттаму се додава дека врнежи од снег се регистрирани и во Хрватска, а во Босна и Херцеговина е објавен црвен аларм поради најавените врнежи.

Во Македонија обилни врнежи од дожд се регистрирани во Битола, каде што наврнале 41 литар на квадратен метар.

Во Федерацијата БиХ е издадено црвено предупредување поради поројни дождови за подрачјето на Херцеговина и југозападна Босна. Врнежите се очекуваат од вечерните часови, односно во ноќта од понеделникот кон вторникот. Снег или мешавина од снег и дожд се очекуваат во Краина и во западна Босна и на планините во централните региони на Босна.

Снег и натаму паѓа во повеќето делови на централна Хрватска, а и во Горски Котар. Снег во делови од Хрватска се најавува и за утре, а од среда натаму се прогнозираат врнежи од дожд.

Покрај врнежите, дува непријатен ветар од северен правец, кој е изразен на јадранскиот брег, а особено под Велебит, каде што го отежнува сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија44 минути

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион4 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија5 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија6 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија6 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија6 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион8 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија8 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија9 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија10 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија11 час

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија22 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт22 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Досие