Контакт

Регион

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Објавено пред

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од Турција.

Бројот на мигрантите постојано расте, а условите во преполните кампови се лоши. Во најголемиот камп, „Морија“, на островот Лезбос, се наоѓаат повеќе од 19 илјади баратели на азил, кои живеат во капацитети за 2.480.

Населението на Лезбос си го бараат островот назад. Тие носеа транспаренти со натпис: „Си ги сакаме островите назад“.

Локалните власти се лути поради состојбата во која се наоѓаат островите, велат дека тие се претворени во затвори за илјадници луѓе од целиот свет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Објавено пред

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја потврди министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Тој рекол за „Танјуг“ дека Министерството за надворешни работи на Јапонија денеска ги известило дека двајца од преостанатите 11 Срби, членови на екипажот на бродот, кој беше во карантин на пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на тестот за коронавирус.

Дачиќ изјавил дека работат на тоа да добијат информации кога ќе бидат симнати од бродот и во која болница ќе бидат сместени.

„Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив, сите наши државјани на овој брод имаат број на телефон од нашата амбасада во Јапонија, како и број на мобилен телефон на која можат да се јават 24 часа, а укажано им е и дека ако бидат сместени во болница потребно е да побараат да контактираат со амбасадата“, рекол Дачиќ.

Српскиот министер истакнал дека последната група патници, кои се тестирани позитивно на вирусот, се сместени во новоотворена болница, околу 300 километри оддалечена од Токио, каде има интернет-врска, така што има можност и двајца српски државјани да бидат сместени во таа болница, ако има капацитет.

Во Србија се вратија двајца патници, како и еден член на екипаж.

Прикажи повеќе...

Регион

Судири со полицијата поради изградба на центар за мигранти на грчките острови

Објавено пред

На грчките острови Лезбос и Хиос рано утрово избија судири меѓу полицијата и населението на островите, кои протестираат поради изградбата на притворски центар за мигранти.

Населението на островите се обидело да го спречи пристигувањето на полицијата за разбивање на демонстрациите и почеток на работата.

Полицијата испалила солзавец кон луѓето кои се собрале, обидувајќи се да ги спречат бродовите да дојдат до пристаниште.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Загреб се испитуваат шест примероци на коронавирус

Објавено пред

Вкупно шест примероци на коронавирус (КОВИД-19) се тестираат на Клиниката за инфективни болести во Загреб, јавуваат тамошните медиуми. По еден примерок има од Сплит и од Риека и по двајца од Загреб и Сисак, соопшти Клиниката.

Информациите за резултатите ќе бидат достапни преку здравствените установи по завршувањето на тестирањето. На претходните тестови на Клиниката ниту еден примерок не бил позитивен за новиот коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Македонија2 часа

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што...

Актуелно3 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија3 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион3 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт5 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија5 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет5 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет16 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт16 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет17 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија18 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет21 час

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа21 час

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија23 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија1 ден

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија1 ден

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија1 ден

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Досие