Контакт

Регион

Протест на Србите во Косовска Митровица заради враќањето на возот

Објавено пред

Протестен собир на Србите се одржува во недела во Косовска Митровица, а во врска со возот што во сабота требаше од Белград да пристигне во Косовска Митровица, но кој од безбедносни причини беше вратен во српската престолнина.

Пред споменикот на Цар Лазар се собрале повеќе илјади Срби од сите делови на Косово.

Претставниците на привремените органи на општините на северот на Косово и порача на Приштина да се воздржи од провокации, како она во недела, бидејќи, како што рекоа, ќе ги бранат своите домови, семејства и опстанокот на тоа подрачје. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава...

Свет7 минути

(Видео) Протести во Њујорк против продажбата на оружје на Израел: „90 лица беа приведени“

Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на...

Свет21 минута

Лавров до Аракчи: Клучно е да се спречи обновување на сите непријателства на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да...

Свет23 минути

Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека...

Свет27 минути

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД,...

Македонија38 минути

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални...

Спорт7 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт7 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион9 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...