Регион
Професорката Гордана убиена во нападот во Сански Мост, имала уште малку до пензија: „Имаше уште само 7 дена“
Професорката по англиски јазик, Гордана Миџан, беше една од омилените вработени во гимназијата, а веста за нејзината смрт погоди многумина.
„На убиената професорка ѝ остануваа само седум дена до пензионирањето“, потврди градоначалникот Фарис Хасанбеговиќ за „24 часа.хр“.
„Ова што се случи во Сански Мост е неприфатливо за секој мозок, верувам дека никој не разбира кои се причините и кое е оправдувањето за ваквиот грозоморен чин. Најтажно е што сите колеги што беа убиени требаше релативно бргу да се пензионираат. Професорката требаше да оди во пензија за неколку дена. Тоа што се случи е несфатливо“, рече Хасанбеговиќ.
Началникот ја потврди информацијата дека денеска во текот на денот ќе се одржи колегиум, на кој ќе се донесе одлука за прогласување ден на жалост.
„Во Сански Мост владее молк. Ќе ги посетиме семејствата на загинатите и ќе им бидеме на располагање. Ова е нешто за што не можете да се подготвите. Вукалиќ беше човек како секој друг што сега шета овде. Живееше во тоа училиште, работеше, заработуваше за леб“, рече началникот.
„Кој во одреден момент нема некакви проблеми на работното место, но тоа не може да биде причина да направи вакво нешто. Мора да имал некој нервен слом, нешто ја прелеало чашата. Без разлика, нема оправдување за ова“, додава тој.
Медиумите потсетуваат дека Мехмед Вукалиќ, кој бил вработен како чувар во оваа образовна институција, наводно отворил оган додека во училиштето биле и ученици. За среќа, ниту едно од децата не е повредено. Според медиумите, Вукалиќ конкретно го барал директорот, со кој, како што се тврди, имал и претходни конфликти.
Вукалиќ е осомничен дека брутално ги застрелал директорот на училиштето, Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик, Гордана Миџан.
Новинарите на „24 часа.хр“ разговарале и со братот на чуварот, кој е осомничен за масакрот, а кој рекол дека е потресен од чинот на брат му.
„Појадував на балконот и го слушнав истото она што го слушнавте и вие. Згрозен сум. Во последно време не сме се дружеле многу. Не знам што му се случувало во училиштето, прашајте ги или некој што со него работел, не навредил никого до сега, знам дека бил уреден“, раскажал братот на чуварот, кој вчера уби три лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.