Регион
Путин: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат.
„Се залагаме за обострано прифатливо решение за Косово, во согласност со резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН“, рече Путин, пренесе „Б92“.
Тој додаде дека последните потези на Приптина за воведувањето на таксите и создавањето на косовската војска предизвикуваат сериозна загриженост.
„Русија ја дели загриженоста на српското раководство и граѓаните бидејќи тие потези би можеле да доведат до дестабилизација на Балканот“, додаде Путин.
Русија, како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден, заклучи Путин на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Рускиот претседател го поздравија голем број граѓани на улиците во Белград. За време на посетата беа потпишани повеќе договори, а Путин го одликува Вучиќ со орден за личен придонес и развој на повеќестраната соработка со Руската Федерација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Починала по пад од карпа, се качила за да се фотографира

Триесетгодишна холандска државјанка денеска попладне загинала во местото Клобук кај Требиње, на границата меѓу БиХ и Црна Гора, откако паднала од карпа висока 12 метри, потврди портпаролот на Окружното јавно обвинителство во Требиње – Срѓан Вукановиќ.
Тој додаде дека со жртвата имало уште двајца странски државјани.
„Излегле на карпата да се фотографираат, еден од нив се лизнал и паднал од висина од 12 метри и починал на лице место“ – рекол Вукановиќ.
Тој додаде дека истрагата е во тек, а присуствува и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство заедно со полициски службеници од полициската управа Требиње.
Регион
Со 1,85 промили алкохол во крвта возел на автопат во спротивна насока

Црногорската полиција го уапсила П.К. (56) откако истиот бил фатен како вози под дејство на алкохол во спротивната лента на автопатот „Принцеза Ксенија“ во Црна Гора.
Кај осомничениот биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, пренесува „Вијести“, а нејасно е како успеал да заврши во спротивната лента на автопатот.
Судијата за прекршоци му изрекол глоба од 700 евра.
????Uhapšen vozač koji se auto – putem kretao kolovoznom trakom iz suprotnog smjera.
Kontrolom vozača P.K. (56) utvrđeno je da je upravljao vozilom pod dejstvom alkohola u koncentraciji od 1,85 g/kg.
Sudija za prekršaje je za ovo lice izrekao novčanu kaznu od 700 eura. pic.twitter.com/j8wiizhdCL
— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) August 10, 2022
Регион
Пироман од Херцег Нови подметнал десет пожари

Полицијата во Херцег Нови го идентификувала и го уапсила Л.Р. (19) од тој град, кој е осомничен дека од 24 јули до 8 август подметнал 10 пожари на територијата на таа општина, соопшти денеска црногорското МВР.
Тој е обвинет за подметнување пожари во дел од Херцеговина, палење на ниска и висока вегетација покрај регионалните патишта, во Њивице, Жвиње, Суторина, Поди, Камен, Мокрине, Ситница, Зеленица и Кумбор.
Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна надлежност кај државниот обвинител во Котор.