Регион
Радев oд Берлин: Да не дозволиме легитимација на македонизмот, во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија

Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по средбите со германскиот државен врв во Берлин.
Како што пренесе „Дојче веле“, Радев од Берлин уште еднаш сигнализира дека нема намера да отстапи од ветото за Северна Македонија во ЕУ. По средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин, Радев на брифинг со бугарските новинари соопшти дека позицијата на Софија наишла на разбирање од неговите германски соговорници.
„Исклучително сум задоволен од разбирањето на кое наиде аргументираната бугарска позиција во врска со Северна Македонија. Во ситуација кога работиме за заедничката европска позиција и за европските институции, не треба да дозволиме нашата национална позиција за Северна Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина и оваа тенденција да се засилува“, изјави Радев додавајќи дека Бугарија како одговорен член на ЕУ треба да работи на тоа да интегрира партнери, а не проблеми.
Од германска страна немаше изјави по средбите со Радев ни од претседателот Штајнмајер ни од канцеларот Шолц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Курти: САД се најголемите сојузници на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти на церемонијата на одбележување на 246. годишнината од независноста на САД рече дека тие се најголемите сојузници на народот во Косово, пренесува „Репортери“.
Курти во својот говор рекол дека американската декларација за независност била голем пресврт во светската историја.
Тој потсетил дека на почетокот на 20. век Албанците се бореле за да го обезбедат своето место меѓу независните нации, а тогашните лидери надежта ја гледале во американскиот идеализам на претседателот Вилсон.
„На крајот на 20 век химанитарната интервенција која ја предводеа САД, водена од идејата за превласт на човековите права над државниот суверенитет, го обезбеди опстанокот на народот во Косово. Денес сме посветени на животот, слободата и потрагата по среќа за нашата земја, за нашиот регион и пошироко, без оглед на расата, етничката припадност, бојата на кожата, верата, политичките уверувања, сексуалната ориентација или било која друга разлика“ порача Курти.
Регион
Албанија со повик до НАТО во Драч да формираат поморска база

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека Албанија упати повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч. Рама на прес-конференција рече и за други случувања на самитот на НАТО во Мадрид истакнувајќи дека таму изнел детали за изградбата на поморската база, пренесува Анадолија.
„На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен“ рече Рама.
Додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.
Регион
Сијарто: Срамно е што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска во Бањалука рече дека „е срамно што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан.
Тој оцени дека проширувањето на ЕУ е една од најважните политики и дека зајакнувањето на Унијата не е можно без нејзино проширување.
„Колку не има повеќе, толку сме посилни, а тоа е најважно за регионот на Западен Балкан. Унгарија е заинтересирана за мир и стабилност на регионот. Го поддржавме и кандидатскиот статус на Украина и Молдавија, но сметаме дека кандидати треба да станат и Грузија и БиХ. Срамота е што не се случи тоа“, рече Сијарто.