Контакт

Регион

Разбиена група фалсификатори, за 20 000 долари печателе пасоши и визи за САД

Објавено пред

Албанската полиција во соработка со полиции од неколку земји разби голема група фалсификатори на пасоши и визи за САД. Во акцијата се уапсени 41 лице – најголемиот број од фалсификаторите се од Тирана и други градови во Албанија. Албанската полиција соопшти дека во групата  фалсификатори имало и двајца припадници на полицијата.

Во соопштението на полицијата и обвинителството се оценува дека акцијата наречена ,,272“ била помогната и од странски служби. Истиот извор наведува дека се откриени 2 лаборатории за фалсификување пасоши и визи на САД во Албанија, додека седум се откриени во Грција, од страна на грчките власти.

Групата фалсификатори добивала по 2о илјади долари за пасош и виза. Апликантите со фалсификувани пасоши од Албанија, Црна Гора, Грција, Франција и Норвешка  се упатувале кон САД, Канада и Велика Британија.

К.М.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Тринаесет мртви бебиња пронајдени во ладилник во болница во Краљево

Објавено пред

Во општата болница во Краљево во ладилник се пронајдени 13 мртви бебиња, објавија српските медиуми. Заменик директорот на болницата изјавил дека станува збор за мртвородени бебиња.

„Тоа се мртвородени бебиња кои сè уште не сме ги погребале, затоа што немаме каде да ги погребаме. Не е ништо пронајдено, затоа што не сме го криеле тоа. Бебињата се наоѓаат на паталогија како што налагаат прописите“, рекол заменик директорот на болницата, Драган Каљевиќ.

Објаснил дека се работи за бебиња кои што родителите не сакале да ги земат и сами да ги погребаат и дека по Зaкон не се ни должни да го направат тоа.

Каљевиќ рекол дека во тек е формирање на комисија која ќе одлучува за местото каде што во иднина ќе се погребуваат мртвородените бебиња.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Фламингата во Албанија привлекуваат сѐ повеќе туристи

Објавено пред

Албанските лагуни Караваста, Нарта а сѐ почесто и Куна Вејн се полни со фламинга, поради што бројот на посетители на овие крајбрежни места е зголемен, пишува агенцијата АТА.

Лагуната Нарта е позната и под називот „куќа за фламингата“ поради нејзината географска локација и длабочина на водата, соопшти агенцијата.

Разиграните фламинга претставуваат природен спектакл за локалните и странските туристи, а благодарение на забраната за лов, фауната во оваа област станува сè побогата.

Албанскиот министер за туризам и животна средина, Бленди Клоси, на „Фејсбук“ објави снимка од фламинга во Звернец и додаде дека тие се дополнителна атракција за туристите кои сакаат да набљудуваат птици.

„Ефектите од мораториумот, кои се потврдуваат и со растечките бројки според последните записи за птици, ги трансформираат албанските мочуришта во туристички дестинации со богатата фауна и прекрасната природа“, истакнува Клоси.

Прикажи повеќе...

Регион

Шарпланинецот Паша мирно го чека Путин: Има и пасош со кој од Србија ќе патува во Русија

Објавено пред

Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му го подари на својот руски колега Владимир Путин, е подготвен во Белград да го пречека својот нов стопан.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено за првата средба со рускиот претседател, пишуваат српските портали. Познато е дека Путин обожава кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси што се симбол на нивните земји.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.

Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како, на пример, каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет5 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија23 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија1 ден

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 ден

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие