Контакт

Регион

Рамадани: Косово ќе биде 31. членка на НАТО

Објавено пред

Заменик-министерот за одбрана на Косово, Бурим Рамадани, изрази уверување дека неговата земја ќе стане членка на НАТО, пишува приштинскиот весник „Епока е ре“.

Тој за весникот изјави дека Приштина треба да ги зајакне политичките и дипломатските напори ако сака да ја постигне целта за членството во НАТО.

Рамадани ја отфрли можноста царините за увоз на српски производи во земјата да влијаат на односите на косовските безбедносни сили со САД.

„Стратешкото партнерство со САД е одржливо и лесно“, изјави Рамадани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бојко Борисов призна: „Јужен поток“ прекинат поради притисокот од САД

Објавено пред

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, повторно ја начна темата за „Јужен поток“ и изрази задоволство што почнува изградбата на „Турски поток“, пренесува  „Новини.бг“.

„Знаете ли зошто беше прекинат ‘Јужен поток’? Во пракса, причината беше огромниот притисок од САД и од државите на Западна Европа и за ‘Јужен поток’ и за ‘Северен тек 2’ и тие ја оневозможија неговата реализација. Ние со рускиот претседател Путин и со премиерот Медведев и со колегите од Саудиска Арабија вложивме огромни напори и го почнавме ‘Турски поток’. Проектот е стратешки и ние го нарековме ‘Балкански поток’ зашто поминува низ неколку држави. И во Европа позитивно гледаат на него“, рече Борисов.

Тој исто така изјави дека Бугарија нема сили да ги укине санкциите против Русија.

„Ако некој мисли дека тоа може да се измести од место и дека може да се укинат санкциите, тогаш е во голема заблуда. Многу се за укинување на санкциите, но во Советот на Европа сите гласаат против“, посочи бугарскиот премиер.

Прикажи повеќе...

Регион

САД ја опоменаа СДА да му се врати на Дејтонскиот договор

Објавено пред

Амбасадата на САД во БиХ се огласи  по усвојувањето на новата програмска декларација на босанската Партија за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ, порачувајќи дека се загрижени поради изнесените политички ставови во декларацијата, за кои велат дека не помагаат и не влијаат за решавање на секојдненвните проблеми на граѓаните, туку дополнително поттикнуваат политички тензии, пренесува порталот Кликс.ба.

Станува збор за ставот на СДА дека долгорочната политичка цел на таа партија е измена на Уставот и создавање Република БиХ, што е сепак опишано како цел за која мора да постои консензус.

„Таквата реторика го забавува напредокот на БиХ кон евроатланските интеграции и членството на БиХ во ЕУ, ја поткопува стабилноста и ги плаши инвеститорите, што пак ги уништува работните места и го забрзува егзодусот на граѓаните,“ наведуваат од амбасадата и нагласуваат дека ставот на САД е јасен и непроменет.

„Целосно ја подржуваме БиХ, нејзиниот територијален интегритет и нејзината темелна структура како единствена држава, суверена со два ентитета и три конститутивни народи. Секоја промена на внатрешната организација на БиХ мора да се усвои во согласност со постапките утврдени со Уставот, за што е потребна широка поддршка во политичкиот спектар на БиХ, вклучувајќи ги сите конститутивни народи“, истакнато е во реакцијата од амбасадата.

На крај, од амбасадата на САД порачуваат дека територијалниот интегритет и суверентитет на БиХ е загарантиран со Дејтонскиот договор.

„Ни Дејтон ни Уставот не му нудат на ниеден ентитет право на отцепување. Постоењето на секој ентитет во потполност зависи од постоењето на БиХ“, велат во пораката од амбасадата.

Прикажи повеќе...

Регион

Александар Вучиќ: Нè очекуваат безброј состаноци во Њујорк, Америка сака да го признаеме Косово

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека следната недела, за време на генералната расправа во Генералното собрание на ООН, тој ќе има голем број состаноци со светските официјални претставници и дека овие разговори ќе бидат тешки бидејќи Косово ќе биде доминантна тема.

„Ќе имам безброј состаноци во Њујорк. Со луѓето од ЕУ, многу билатерални средби, повторно со канцеларката Меркел, што е задоволство за мене“, изјави Вучиќ за ТВ „Пинк“.

На констатацијата на новинарите дека Меркел оди таму на еден и пол ден и дека таа побарала средба со Вучиќ, претседателот на Србија рекол дека тоа го изненадило, но дека тој е благодарен за таквиот вид внимание.

Вучиќ смета дека разговорите во Њујорк ќе бидат тешки бидејќи Косово ќе биде доминантна тема.

„САД очекуваат од Србија, како што видовте во писмото на претседателот Трамп, да ја признае независноста на Косово“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ4 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија5 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија5 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет6 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет7 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа20 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет21 час

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие