Регион
Рама: Да ја задржиме смиреноста и заедно да се избориме со оваа трагедија

Сите владини агенции се ангажирани и интензивно работат на спасување на животите на луѓето во најзагрозените места во Драч и Туман по катастрофалниот земјотрес што утрово ја погоди Албанија, рече премиерот Еди Рама.
„Во овој драматичен момент треба да ја задржиме својата смиреност, да бидеме рамо до рамо за да се справиме со овој шок“, напиша Рама на „Фејсбук“.
Рама пристигна во Драч рано утрово, град кој е најтешко погоден од земјотресот.
Албанија во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој е најсилниот во последните три децении. Во портесот загинаа најмалку шест лица, повеќе од 300 се повредени и беа предизвикани големи материјални штети. Замјотресот беше почувствуван во целиот регион, вклучително и Македонија.
Рама исто така истакна дека Приштина активирала специјални тимови за помош во кризните области на Албанија.
„Сите албански пријатели реагираа бргу. Премиерите Конте и Мицотакис ќе испратат специјални летала. Претседателот Макрон и претседателот Ердоган изразија подготвеност за каква било помош од нивните држави. Амбасадите на ЕУ и САД исто така најавија дека се подготвени да ни помогнат“, рече Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Стјуардеса од Белград била во превртениот авион во Торонто, во критична состојба е

Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е тешко повредена во несреќата со авионот на аеродромот во Торонто. Таа е во критична состојба и се бори за живот, јавуваат српските медиуми.
Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е една од тешко повредените во несреќата кога авион на „Делта ерлајнс“ се превртел при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.
Редакцијата на „Блиц“ стапила во контакт со семејството на Вања, а за неа знаат само дека е во болница и е во многу критична состојба, што значи дека лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Вања работеше како стјуардеса на летот 4819, а при слетувањето на аеродромот Принстон во Торонто беше тешко повредена. При превртувањето на авионот, таа сега е без свест. Нејзината состојба е многу критична, а таа се бори за живот. Толку ни кажаа од болница, друго не знаеме“, изјави за „Блиц“ нејзината братучетка Мирјана Дориќ.
Additional CCTV Footage from Toronto Pearson International Airport has been released, showing yesterday’s crash-landing of a Delta Air Lines CRJ-900LR operated by Endeavor Air, which amazingly resulted in only 15 Injuries. pic.twitter.com/PsaJGk4BVf
— OSINTdefender (@sentdefender) February 18, 2025
Според Мирјана, Вања, која по потекло е од Сопот, моментално се наоѓа во болницата во здравствениот центар Пирсон, откако се здобила со повреди во авионската несреќа.
„Бараат некој од семејството да оди таму за детали. Ништо друго не дознавме од медиумите. Семејството е очајно, се надеваме на најдоброто и дека ќе се извлече. Толку ни остана“, вели за „Блиц“ братучетката Мирјана Дориќ.
Според последните информации, најмалку 18 лица се повредени, од кои три потешко, откако вчера при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто се превртел авион со кој управувала американската компанија „Делта ерлајнс“.
Меѓу тројцата тешко повредени има и едно дете кое со возило на брза помош било пренесено во детската болница во Торонто. За среќа, сите 80 патници преживеале, а за време на инцидентот виселе наопаку.
Истрагата за несреќата ќе ја водат канадските власти, бидејќи се случила на канадска територија. Детали за причините за инцидентот се уште не се познати.
Регион
Огромна карпа се откорна на автопат и падна врз комбе во Дубровник, еден загинат, неколкумина повредени

Голема карпа се откoрна на автопатот над Дубровник и падна врз комбе, пријавиле возачи во радарската контрола.
Сите служби се на терен, а од дубровничката полиција потврдуваат дека едно лице го загубило животот, додека останатите патници се повредени.
Сообраќајот е затворен на главниот пат, објави „Јутарњи лист“.
Сведок на несреќата проговори за падот на карпата врз комбето.
„Карпата падна директно врз возилото, тоа се случи две секунди пред да пристигнам. Карпата тежела повеќе од еден тон. Таа се одвои од ридот, отиде веројатно 300-400 метри. Автомобилот беше целосно смачкан, како да го удрил авион“, изјавил сведокот за „24 сата“.
Регион
Нов силен земјотрес во близина на Санторини

Силен земјотрес, уште еден во серија, со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на архипелагот Додеканез, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од девет километри, 144 километри од Ираклион, 24 километри од Санторини.
Од 26 јануари на ова подрачје се забележани голем број земјотреси со магнитуди од 3,5 до 5,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците, регистрирани се околу 17.000 земјотреси со јачина од еден степен.