Регион
Рама: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за грчкиот весник „Та неа“ оценува дека Западен Балкан не е во добра фаза поради што смета дека ЕУ треба да биде внимателна.
Рама изјави и дека работите не отишле до таму да се плаши од дестабилизација, пренесува „Клан Косова“.
„Политичките фактори внатре и надвор од Западен Балкан, во Европската Унија, мора да бидат претпазливи. Симптомите од ваков вид не треба да се потценуваат“, рече премиерот на Албанија.
Рама е песимист за отворањето на преговорите за членство на Албанија со ЕУ кон крајот на оваа година.
„Ова не е првпат да слушам вакви предвидувања од високи претставници на ЕУ и нема да биде првпат тие да не може да ги одржат ветувањата. Не очекувам ништо“, рече Рама.
По повод последната средба во Белград во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, шефот на албанската влада рече дека не е постигнат толкав напредок колку што сака и дека на следниот состанок во Тирана ќе се постигнат одредени цели во однос на слободната трговија на производите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.