Контакт

Регион

Рама: Парламентарните избори во јуни ќе се одржат и без учеството на опозицијата

Објавено пред


 

Албанскиот премиер Еди Рама во неделата изјавил дека парламентарните избори закажани за 18-ти јуни ќе се одржат дури и ако опозицијата не учествува во нив, пишува весникот Albanian Daily News.

 

Во своето неделно обраќање до граѓаните Рама истакнал дека протестите на опозицијата се вештачки, „каква што е и политичката криза во земјата“.

 

„Дури и доколку опозицијата ги бојкотира парламентарните избори, тоа ќе биде голема грешка и огромно прекршување, и ние никогаш нема да се приклучиме кон тоа. Ние ќе го испочитуваме датумот за парламентарните избори и ветуваме дека ќе направиме повеќе за албанските граѓани во иднина. Сега не е март 1997-ма година, Албанија на новата генерација не може да биде сопрена“, истакна албанскиот премиер./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Регион

Недовербата на родителите во вакцините ги убива децата во Романија

Објавено пред

Од

Недовербата во вакцините ги убива романските деца, анализира новинската агенција АФП.

Малите сипаници сè уште одземаат детски во животи во земјата, каде што починале 40-ина деца поради стравувањата на мајките да ги вакцинираат.

Дванаесет илјади лица биле во контакт во вирусот, а 46 починале во период од две години.

Од починатите, 39 се деца под тригодишна возраст.

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓуриќ: Од Могерини ќе бараме објаснување за ЗСО

Објавено пред

Од

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјави дека ќе бара објаснување од високата претставничка на надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, за заедницата на српските општини.

„Нормално дека ќе бараме објаснување од Могерини. Да сакаше меѓународната заедница, ЗСО денеска ќе постоеше. Ако по пет години не направите ништо, а потоа пофалите некој што само замавнал со листовите, тоа е знак дека недостига суштински притисок. Ние ги исполнивме сите обврски“, наведе Ѓуриќ.

Тој додаде дека Србите го почитуваат бриселскиот договор, но од Косово не може да се очекува ништо.

„Не очекувам ништо од Приштина, првиот рок за ЗСО го имаа во мај 2013 година, сега е мај 2018. Да сакаа нешто да направат, ќе направеа. Тие се преправаат дека сакаат ЗСО. Оној што сака искрена доверба, не ги малтретира и не ги гази легитимно избраните српски претставници. Сето ова личи на циркуз за меѓународната заедница, а тие ми изгледаат како несериозни и неискрени луѓе“, рече Ѓуриќ.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Објавено пред

Од

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот безвизен режим што побргу, пишува „Газета експрес“.

Харадинај на „Фејсбук“ напиша дека Косово останува решено да се соедини со другите западнобалкански земји во зацврстувањето на мирот и развојот на меѓусебната соработка, со цел да се забрза заедничкиот пат кон европската интеграција.

„Косово постигна напредок, особено во однос на владеењето на правото и побарав од Хан да го вклучи Косово во визната либерализација најбргу што може“, напиша Харадинај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија2 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион3 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија3 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија3 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет4 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија17 часа

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија20 часа

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија24 часа

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија1 ден

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија1 ден

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Македонија2 дена

ЕК: Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, соопшти еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на...

Досие