Контакт

Европа

Рама: Резолуцијата за Сребреница ниска игра на Сали Бериша

Објавено пред

Премиерот на Албанија, Еди Рама, оценува дека гласањето на собранието на Албанија за резолуцијата за Сребреница било лоша игра на поранешниот премиер Сали Бериша, пренесува „Коха“.

dobivaj vesti na viber

Според него, оние што реагираа на неуспехот на оваа резолуција во албанскиот парламент немаат поим за играта на Бериша, личност што Америка ја прогласи за непожелна поради корупција и поткопување на демократијата, пренесува медиумот.

„Оние што скокаат поради наводниот неуспех на резолуцијата за Сребреница во албанскиот парламент, првин треба да се запрашаат зошто е поднесена. Потоа да се информираат што пишува во тој текст и да кажат дека тоа не е резолуција, туку ниска игра. Ниска игра на личност што Америка ја смета за корумпиран уништувач на демократијата, во светот познат како уништувач на ембаргото на Слободан Милошевиќ“, напишал Рама на „Твитер“ додавајќи дека тоа е обид на Бериша да воскресне политички.

Тој додал дека жали за оние што по грешка се чувствуваат повредени бидејќи, според него, немаат поим од таа игра.

Албанскиот парламент го одби барањето на пратеникот Тритан Шеху да гласа за резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина, пишува медиумот.

Поранешниот премиер Сали Бериша по тој повод изјавил дека признавањето на геноцидот во Сребреница е неопходен чин за народите и цивилизираните општества и основен услов да не се повтори.

Европа

Лукашенко: Целта на Западот е да ја распарчи Украина

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека е загрижен поради потезите на Западот, чија цел е распарчување на Украина.

dobivaj vesti na viber

Лукашенко ја обвини Полска дека сака да го окупира западниот дел на Украина, пишува „Ројтерс“.

Киев ќе мора да побара помош за да ја спречи окупацијата на западот на Украина, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател денеска во Сочи се сретна со шефот на руската држава, Владимир Путин, а руските медиуми објавија дека разговорот бил еден на еден.

„Се договоривме да одржиме посебна средба овде во Сочи бидејќи околностите бараат толку сериозен, длабок разговор. Мислам на сѐ што е поврзано со безбедносните прашања во регионот, безбедноста на нашите земји и сѐ што е поврзано со економијата“, рече Путин.

Според агенцијата „РИА новости“, тој изјавил дека Русија се справува со санкциите.

Прикажи повеќе...

Европа

Потврден е првиот случај на мајмунски сипаници во Шкотска

Објавено пред

Шкотска денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.

dobivaj vesti na viber

„Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Обединетото Кралство за да го истражиме изворот на инфекцијата“, рече Ник Фин, шкотски здравствен службеник.

Тој додаде дека болното лице е примено на лекување и дека се трага по луѓето што биле во контакт со него, наведува британската агенција.

Прикажи повеќе...

Европа

Песков: Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Западот дека предизвикува глобална прехранбена криза со воведувањето на најстрогите санкции во модерната историја на Русија поради војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Русија отсекогаш била многу сигурен извозник на жито. Ние не сме изворот на проблемот. Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции, како и санкции против самите себе“, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.

Русија и Украина заедно носат речиси една третина од глобалните резерви на жито.

Украина исто така е најголемиот извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка, а Русија и Белорусија сочинуваат над 40 отсто од глобалниот извоз на ѓубрива за култури, познати како поташа.

Според Обединетите нации, 36 земји сметаат на Русија и Украина за повеќе од половина од нивниот увоз на жито, вклучително и некои од најсиромашните во светот, како што се Либан, Сирија, Јемен, Сомалија и Конго.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела изјави дека е во интензивни контакти со Русија, Украина, Турција, Соединетите Американски Држави и со Европската Унија во обид да го обнови извозот на жито од Украина.

Песков повтори дека пумпањето оружје во Украина нема да ја зголеми безбедноста или стабилноста во Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија11 час

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет11 час

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија16 часа

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ17 часа

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа18 часа

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија18 часа

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија18 часа

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа21 час

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа21 час

Светскиот економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет22 часа

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...

Свет22 часа

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека...

Европа22 часа

Русија: Планираме да изградиме и распоредиме 50-ина нови ракети „Сармат“

Русија планира да изгради и распореди 50-ина нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади до крајот на есента,...

Европа22 часа

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата,...

Европа22 часа

Борел: Ги исцрпивме воените резерви поради војната во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неделата изјави дека војната во Украина тектонски го...

Свет1 ден

Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и...

Македонија2 дена

Ковачевски ќе ja предводи владината делегација во Ватикан и Рим, најавена е и средба со Петков

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од ќерката Тамара Ковачевска на 23 и 24 мај ќе предводи делегација на Република Северна Македонија...

Европа2 дена

Француски министер: За влез на Украина во ЕУ ќе бидат потребни 15 или 20 години

За влез на Украина во Европската унија ќе бидат потребни најверојатно 15 или 20 години, рече францускиот министер за европски...

Европа2 дена

Бајден: „Епидемијата на мајмунски сипаници причина за загриженост“

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој додаде...

Економија2 дена

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во...