Контакт

Регион

Ранети двајца бегалци од страна на грчката полиција, која бркала сомнителен автомобил

Објавено пред

Двајца грчки полицајци се обвинети за обид за убиство кога при потера по сомнителен автомобил, полесно раниле двајца од вкупно 13 бегалци, кои шверцерите се обиделе да ги однесат во Грција, јави АП.

По сослушувањето кај истражен судија во пограничниот град Орестијада, двајцата полицајци се пуштени денес на слобода до завршувањето на истражната постапка.

Границата со Турција е место на масовно влегување на бегалците и емигрантите од Блискиот Исток обидувајќи се да стигнат до Западна Европа.

Во соопштението на грчката полиција се наведува дека двајца бегалци, маж и жена, биле полесно ранети во багажникот на автомобилот што ѝ бегал на полицијата.

Полицајците првин испукале предупредувачки истрели од полициското возило, а потоа и неколку куршуми во гумите на автомобилот кој бегал, но куршумите се одбиле и полесно ги раниле бегалците скриени во багажникот.

Возачот на автомобилот е уапсен, двајцата ранети се згрижени во локална болница, а преостанатите бегалци се префрлени во центар за азиланти.

Регион

Вучиќ вечерва ќе соопшти нови мерки за сузбивање на коронавирусот

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот се најавува дека вечерва  ќе соопшти нови мерки за Белград поради неповолната епидемиолошка ситуација.

Според најавите,се очекува мерките да го соопшти на гостување на РТС.

Според најновите податоци, од вкупниот број на извршени тестирања во изминатите 24 часа над 80 проценти од заразените се од Белград.

Медиумите јавуваат дека се размислува за повторно воведување полициски час во вечерните часови или целосно затворање на Белград, што ќе значи забранет влез и излез од градот.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија врати дел од мерките, состојбата слична како почетокот на епидемијата во март

Објавено пред

По два месеца остри мерки како затворање на земјата и сите локали освен продавниците, аптеките и болниците, Словенија воведува нови мерки, јавува РТС.

Словенија успеа да го намали бројот на заразени од крајот на мај до 20 јуни на нула инфицирани, но во последните десет дена тие бројки растат.

Затоа земјата врати некои од мерките, а наскоро ќе започне контрола на патниците со двојно државјанство.

Во средата во Словенија беа пријавени 13 нови случаи. Постојат жаришта, како што е градот Марибор, каде што најмалку седум здравствени работници се заразени.

Епидемиолозите и политичарите излегоа со податоци дека најголем број откриени случаи во Словенија потекнуваат од луѓе од БиХ и од Србија кои го донеле вирусот.

Поради порастот на заразени земјата врати некои мерки како на пример задолжително носење маска, а и натаму не работат сите затворени простории.

Дел од здравствените експерти предупредуваат дека ситуацијата во последните денови почнува да изгледа како почеток на епидемијата во март.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 21 новозаболен, најголем дневен раст од средината на април

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани за коронавирус 1.198 лица, а потврдени се 21 нов случај на инфекција, осум повеќе од претходниот ден, потврди словенечката влада во четвртокот.

Ова е најголем број нови дневни инфекции од 16 април кога имаше 36 позитивни тестови.

Во моментов, 9 пациенти се хоспитализирани во Словенија поради Ковид-19, што е за еден повеќе од претходниот ден, но на ниту еден од нив не им треба интензивно лекување.

Вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата со најновите податоци е зголемен на 1.634, додека бројот на починатите меѓу заразените сè уште останува на 111 бидејќи немаше нови смртни случаи меѓу заразените.

Бројот на активни инфекции на 100.000 жители во Словенија во моментов е 5,9, а според критериумите на словенечките епидемиолози, епидемиолошки безбедна земја е онаа во која нема повеќе од десет нови инфекции на 100.000 жители во период од 14 дена. Затоа сегашниот тренд на зголемување на бројот на дневни инфекции е опасен бидејќи, доколку продолжи, Словенија би можела да го премине прагот на пропишана епидемиолошка безбедност за помалку од две недели, јавуваат словенечките медиуми.

Медиумите наведуваат дека медицинските експерти проценуваат дека повторно треба да се прогласи епидемија во Словенија доколку бројот на нови инфекции се зголеми на 30 на ден, но дека нема да има повторно затворање на економијата и социјалниот живот затоа што животот мора да продолжи во нова нормалност.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија58 минути

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија2 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет3 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет3 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија3 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет4 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија4 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет4 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет4 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет4 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет16 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија22 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија22 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија22 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија23 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија23 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија1 ден

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Досие