Контакт

Регион

Република Северна Македонија предизвика поделби и во Грција

Објавено пред

Грците денеска поделено реагираат на решението за името, пренесуваат тамошните медиуми. Лидерот на опозицијата, Мицотакис, тврди дека договорот е длабоко проблематичен.

Дипломатскиот маратон започнат минатата година заврши вчера кога грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев, објавија дека е постигнат договор за името, кој гласи Република Северна Македонија.

„Договорот е добар за двете страни и создава безбедно опкружување на нашата северна граница. На Грција тоа ѝ е потребно поради тензиите со Турција“, вели професорот по политички науки на атинскиот Универзитет „Пантеион“, Василики Георијадо, за весникот „Та Неа“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека во договорот гледа голема дипломатска победа и одлична историска можност за пријателство, соработка и заеднички развој во регионот. Сепак, грчкиот премиер се соочи и со критики за постигнатиот компромис.

„Лош договор, длабоко проблематичен“, рече шефот на грчката опозиција, Киријакос Мицотакис, додавајќи дека прифаќањето на македонскиот јазик и етничката припадност е национална капитулација.

Критичарите на договорот веруваат дека Ципрас со мало мнозинство во парламентот нема легитимитет да го ратификува договорот. Неговиот партнер во владејачката коалиција, националистичкиот водач, Панос Каменос, одбива да го поддржи.

Еден од тројцата гувернери на грчката провинција Македонија, Апостолос Цицикостас, рече дека ова не е решение, туку национален пораз.

„Ова личи на некој прелиминарен договор, има голем број фази на имплементација, па затоа треба да ги скротиме нашите очекувања“, изјави директорот за истражувања на Институтот за надворешни работи во Атина, Константинос Филис, за телевизијата „Скаи“.

Регион

ОБСЕ, Амбасадата на САД и ОХР ја осудуваат циничната употреба на извештајот на Комисијата за Сребреница за политички цели

Објавено пред

Од

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, на Амбасадата на САД и на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) „најостро го осудуваат циничниот начин на употреба на Извештајот на Европската комисија за настаните во и околу Сребреница во 2004 година, за политички цели за време на предизборниот период.

„Политизацијата на Извештајот не придонесуваат за правда и помирување, го поткопува владеењето на правото, не ги претставува европските вредности и во крајна линија, претставува закана за процесот на остварување на правда за сите жртви на воените злосторства, без оглед на етничката припадност. Извештајот помога заедниците во Босна и Херцеговина да се продолжат напред. Многу од резултатите во извештајот се верифицирани и потврдени од страна на одлуки на меѓународни, домашни и странски судови. Фактот дека во Сребреница во 1995 година е извршен геноцид е потврден од страна на две меѓународни судови. За да биде јасно, никој не ја демонизира Република Српска, ниту пак зборува за колективната одговорност на Република Српска или на српскиот народ, како што тврдеше претседателот на Република Српска и други. Жртви има од сите страни, вклучувајќи го и српскиот народ. По усвојувањето, Извештајот беше важен чекор напред во напорите за постигнување на правдата. Овие напори продолжуваат и денес. Мисијата на ОБСЕ во БиХ во неколку наврати истакна дека обвинителите и судовите на ниво на Федерацијата на БиХ, Република Српска, како и на Обвинителството на БиХ и Судот на БиХ, досега ја завршиле работата на скоро 500 случаи поврзани со воени злосторства. Судските институции на Босна и Херцеговина покажаа силна посветеност на утврдувањето на вистината и обезбедување ефикасно испитување на сите воени злосторства, без оглед на етничкото потекло на сторителот или жртвата. Бараме продолжување на поддршката на овие институции, со цел да им се овозможи да го завршат овој процес и да обезбедат правда за жртвите“, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Прикажи повеќе...

Регион

Турскиот суд одлучи двајцата грчки војници да бидат пуштени од притвор

Објавено пред

Од

Турскиот суд објави дека двајцата грчки војници кои беа уапсени во Турција под обвинение за шпионажа, до почетокот на судењето ќе бидат пуштени од притвор.

Грција претходно изјави дека војниците преминале на турската територија случајно, како последица на дезориентација поради лошите временски услови, но Анкара, сепак, нареди апсење за илегален влез во земјата, под сомнеж за шпионажа.

Премиерот на Грција, пак, Алексис Ципрас, притворањето на двајцата грчки војници во Турција го опиша како отворена рана за алијансата.

Грчкиот  премиер во претходен телефонски разговор со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, побара да се ослободат грчките војници.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија уште две лица починаа од западнонилски вирус

Објавено пред

Од

Уште две лица починаа од западнонилскиот вирус во изминатата недела, а бројот на лица што починаа од почетокот на годината се зголеми на 11, според извештајот на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“.

Вкупно се регистрирани 126 случаи на заболени од треската на западнонилскиот вирус, според извештајот на Институтот „Батут“, што значи дека во период од една недела се разболеле 24 лица, а две починале.

Првиот случај на западнонилска треска беше регистриран во Србија кон крајот на јули 2012 година. Оттогаш до 2017 година пријавени се 574 случаи, а починаа 61 лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Фото и Видео) Застрашувачки видео снимки од рушењето на надвозникот во Италија

Италијанската полиција на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео на кое се гледа моментот на рушењето на надвозник во близина на...

Македонија8 часа

Владата донесе одлука за спроведување кампања за референдумот

Владата донесе одлука да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. По потпишувањето на...

Македонија11 час

Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазе Велковски, поради скандалот со џипот

Владата на денешната владина седница го разреши  директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски. Со БЈБ сега ќе раководи...

Македонија14 часа

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија14 часа

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Економија15 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија17 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ18 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет19 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија20 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ20 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија20 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија1 ден

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија2 дена

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија2 дена

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија2 дена

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион2 дена

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија2 дена

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија2 дена

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија2 дена

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Досие