Контакт

Регион

Рикер: САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес помеѓу Белград и Приштина

Објавено пред

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не може да го направат додека двете страни не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик-државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Рикер за „Гласот на Америка“ истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

„Ние соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот што се водеше во согласнот со бриселскиот договор за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тензиите во регионот во изминатите пет години, нагласи Рикер, пренесе „Танјуг“.

Моментно, највисокиот официјален претставник во Стејт департментот, кој се занимава со Балканот, изрази верување дека на двете страни постои волја да биде пронајдено решение и со тоа ќе се придонесе за стабилност и просперитет на Западен Балкан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Помор на риби околу езерото Коронија во Грција

Објавено пред

Илјадници слатководни риби, претежно крап, пцовисаа околу езерото Коронија, каде што нивото на водата драстично се спушти на 60-80 сантиметри.

„Од 2,80 до 3 метри, колку што беше длабоко езерото пред пет-шест години, сега достигна неколку сантиметри поради сушата и недостигот на одржување на инфраструктурата за водоснабдување во Коронеја“, рече за АНА претседателката на организацијата за управување со Коронија, „Волви и Халкидик“, Димитра Бомбори.

Се вративме во тешко време кога значителното намалување на водата во комбинација со високите температури резултира со голем помор на рибите, објасни Бомбори.

Техничката работа направена во 2012 година помогна да се врати поврзаноста на езерото со потоците што го обновија езерото, а популацијата на риби значително се зголеми, па забележани се осум до девет видови риби, истакна таа.

Бомбори изјави дека надоместувањето на водостојот на езерото во голема мера зависи од хидролошките услови и работите за одржување што не се извршени бидејќи не е назначен ниту еден управител да ги побара потребните средства.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанските деца учат дека Косово е Србија (видео)

Објавено пред

Во албанските учебници по географија за основно училиште во Косово, Република Косово е претставена како дел од државата Србија, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја телевизијата „Клан Косова“.

Оваа грешка предизвика вистинска бура во Косово, а поединци отидоа дотаму што заклучиле дека на овој начин е доведен во прашање и суверенитетот на државата Косово.

Како што пишуваат албанските медиуми, ова е своевиден скандал, а со оглед на тоа дека ова не се единствените грешки во учебниците од овој вид, некои наставници се обратиле до Министерството за образование.

Прикажи повеќе...

Регион

Гори хемиска фабрика во Истанбул

Објавено пред

Голем пожар избувна во хемиска фабрика во индустриската зона Тузла во Истанбул, а засега нема информации за повредени, пренесуваат турските медиуми.

Причината за пожарот не е позната. Објавени се снимки на кои се гледаат огромни густи облаци чад.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи, кои се обидуваат да го изгаснат огнот од три страни, но засега тој не може да биде ставен под контрола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија3 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија4 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ4 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет5 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет7 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет7 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет18 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт19 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион21 час

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија22 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија23 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие