Регион
Романската влада ја повлекува уредбата за корупција

Романската влада во неделата ќе ја повлече уредбата за декриминализација на некои коруптивни дејствија, соопшти во саботата премиерот Сорин Гриндеану пред чиј кабинет во саботата вечерата се собрале според процените на медиумите околу 140.000 демонстранти кои околу Палатата на парламентот формираа синџир од луѓе.
„Во недела ќе одржиме вонреден состанок за да ја повлечеме уредбата и за го најдеме вистинскиот начин за нејзино (корупцијата) сузбивање“, изјави романскиот премиер Сорин Гриндеану во говорот пренесуван на телевизијата.
Владата на Романија ја прифати уредбата во вторникот вечерта, којашто би се однесувала на тековните истраги и судења, како и на новите случаи. Криминалната негрижа повеќе не би била кривично дело, а дефиницијата на судирот на интересите е стеснета, така што, на пример, криминалот кој би се случил на меѓу членови на исто семејство. Доколку биде спроведена, како што е планирано во рок од десет дена, уредбата ќе овозможи, меѓу другото, и декриминализација на злоупотребата на службените овластувања во кои сумите не минуваат над 200.000 леи, или 48.000 долари.
Со тоа би се прекинала тековната постапка против претседателот на Социјалдемократската партија (PSD), Ливиу Драгнеа, обвинет дека го користел политичкото влијание за да обезбеди плати за две лица кои работеле во штабот на неговата партија во периодот од 2006 до 2013 година. Нему му беше забрането да ја преземе должноста премиер по изборите во декември, поради можноста да биде осуден во судскиот спор поради корупција.
Меѓутоа, и десетици други политички функционери од сите политички партии во Романија би требало да имаат полза од оваа владина уредба.
Од вторникот стотици илјади Романци секоја вечер протестираа против оваа уредба ширум земјата, бидејќи со неа и веќе осудените лица за корупција би биле ослободени, а би биле прекинати и започнатите процеси.
Од PSD претходно најавија дека уредбата ќе стапи на сила на 10-ти февруари на полноќ
Уставниот суд на Романија во меѓувреме примил три петиции со барање да ја преиспита законитоста на уредбата којашто, исто таа, беше критикувана и од Европската унија и од САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млади момчиња од Косово настрадаа во Италија, со автомобил излетаа во река

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во река, јави агенцијата АНСА.
Жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.
Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.
Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.
Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.
РЕ-Ново
Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата

Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб, каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место.
Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“.
Сепак, мажот решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железницата и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќе пати бил тестиран. Изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет, а во последните три години не пие и не пуши.
Судот на крајот констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.
На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.
Судијата го вратил на работното место, а железницата сега е должна да му плати отштета.
Регион
(Видео) Маж висок два метра го чуваше Ердоган – грчките медиуми јавуваат со какво обезбедување дошол во Атина

За време на седумчасовниот престој на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турската делегација во Атина, безбедносните мерки беа драконски, а посебно внимание привлече високиот човек од личната стража на Ердоган.
За да се спречат какви било непредвидени настани, ангажирани се полицајци од речиси сите служби. Како што пренесуваат грчките медиуми, два метри високиот телохранител не го тргал погледот од турскиот претседател уште во првиот момент кога излегол од авионот.
Според информациите, ЕЛАС издала 47 дозволи за оружје за посетата на Ердоган, од кои 16 се однесуваат на безбедноста на турскиот претседател.
Како што вчера забележа „Прототема“ за време на посетата на Ердоган, снајперистите биле поставени на клучни места во Претседателската палата, а проверките биле вршени од специјално обучени кучиња до пред пристигнувањето на Ердоган на средбата со Катерина Сакеларопулу и Киријакос Мицотакис.