Контакт

Регион

Романскиот премиер нема намера да поднесе оставка

Објавено пред

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека нема да поднесе оставка за да ги задоволи демонстрантите, а на протестите ширум земјата се собраа над половина милион луѓе.

„Парламентот, доколку сака, може на владата да и изгласа недоверба преку демократска процедура“, рече Гриндеану, откако романската влада во недела ја повлече спорната уредба со која се декриминализираат многу случаи на корупција, заради што граѓаните со денови протестираа.

И покрај повлекувањето на спорната уредба, во недела беа одржани антивладини протести во најголемите романски градови. Многу учесници на протестот сега бараат оставка на владата и распишување на вонредни избори.

Одлуката за повлекување на уредбата беше донесена на итна владина седница, по што Гриндеану го повика министерот за правда и му наложи наместо уредба, да подготви нацрт закон што ќе биде испратен во парламентот.

Ова се најмасовни протести во Романија од падот на комунизмот во оваа земја во 1989 година. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 секунди

ФТ: Иран ги таргетираше американските воени бази користејќи кинески сателит

Иран користел кинески шпионски сателит за таргетирање на американските воени бази, објави „Фајненшл тајмс“. Иран користел кинески сателитски податоци за...

Забава7 минути

(Фото/Видео) Постара, похрабра и позаводлива: Ги остави сите без зборови во фустан направен од проѕирни ленти

Ен Хатавеј плени со својата природна убавина со години, и можеме да кажеме дека е една од оние дами кои...

Забава15 минути

Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

Дали некогаш сте размислувале колку нечистотија се насобрала во вашата машина за перење со текот на годините? Веројатно не сте...

Свет19 минути

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД...

Спорт20 минути

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот...

Свет28 минути

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери...

Свет30 минути

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му...

Свет35 минути

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од...

Европа39 минути

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја,...