Регион
Русија бара НАТО да се повлече од Бугарија и Романија

Русија бара од Западот, како гаранција за безбедноста, силите на НАТО да ги напуштат Романија и Бугарија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Москва побарала од НАТО правно обврзувачки гаранции дека повеќе нема да се шири и дека ќе се врати во своите граници од 1997 година, пишува „Ројтерс“.
На прашањето што би значело тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството посочува дека Русија сака сите странски трупи, оружје и друга воена опрема да се повлечат од тие земји.
Во моментот НАТО има 30 членки. Во 1949 година aлијансата била основана од 12 земји: Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Обединетото Кралство и САД. Останатите земји членки се: Грција и Турција (1952), Германија (1955), Шпанија (1982), Чешка, Унгарија и Полска (1999), Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија (2004), Албанија и Хрватска (2009), Црна Гора (2017) и Северна Македонија (2020).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема да има прекини во снабдувањето, пренесуваат агенциите.
Извор од гасната индустрија во изјава за „РИА Новости“ кажал дека сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли.
Изворот за агенцијата навел дека рокот за плаќање за испорака на гас е 25 април и дека затоа е неопходно парите да се уплатат на посебна сметка на 23 мај, бидејќи конверзија во рубли и префрлање пари од една сметка го продолжува рокот за еден до два дена.
„Потребни се два дена за да се претворат во рубли и да се префрлат пари од една на друга сметка. За да се направи ова, плаќањето во евра треба да пристигне на 23 мај“, објаснил тој.
Во Грција, трите главни увозници на руски природен гас се „ДЕПА Комерц“, „Митилинеос“, „Прометеј Гас“, пренесува агенцијата.
Според изворот, сметките се отворени а процесот на плаќање е во тек, пишува медиумот.
Коментирајќи ги објавите на грчкиот печат дека во случај на прекин на испораката на руски гас, грчките власти ќе бидат принудени да ја исклучат електричната енергија поради недостаток на капацитет, соговорникот на агенциите изјавил: „Нема да има прекин на залихи, се е во ред“.
Регион
Ердоган: Мицотакис повеќе не постои за мене

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повеќе не постои за него бидејќи за време на неговата посета на САД се обидел да ја блокира продажбата на воените авиони Ф-16 на Турција.
„Се договоривме да не вклучуваме трети земји во нашиот спор. Сепак, тој ги посети САД минатата недела и ги предупреди во Конгресот да не ни даваат Ф-16“, рече Ердоган на прес-конференција по седницата на владата.
„Тој веќе не постои за мене. Никогаш повеќе нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме со чесните политичари“, додаде тој.
Регион
Ердоган: Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас

Турција не може да ги игнорира санкциите на Стокхолм против Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иако е очигледна виталната улога што ја играме во алијансата и меѓународните организации чии членови сме, некои од нашите сојузници сè уште зборуваат за укинување на санкциите. Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас“, рече претседателот Ердоган.
Тој оцени дека политиката на проширување на НАТО, во која, како што рече, не се заштитени фундаменталните аспекти на безбедноста, нема да придонесе ниту за Турција, ниту за алијансата.
Турција смета на преземање конкретни чекори наместо бескорисни изјави на НАТО за да одговори на нејзината загриженост за евентуалното приклучување на Шведска и Финска, истакна Ердоган.
„Не добивме соодветна поддршка од партнерите на НАТО во борбата против тероризмот. Не можеме да замижиме пред санкциите што ни ги воведе Шведска, нема објаснување за нив. Со оглед на тоа дека улогата што ја играме во НАТО е јасна, ние и натаму разговараме за укинување на санкциите со нашите сојузници“, нагласи турскиот лидер.
Во таа насока, тој изјави дека Анкара не ја добила поддршката што ја очекувала од своите сојузници, ниту во задоволувањето на потребите за одбрана, ниту во 40-годишната борба против тероризмот.
„Нашата земја постојано беше изложена на отворени и прикриени санкции, закани, притисоци и уцени“, додаде Ердоган.