Регион
Русија: Формирањето на косовска војска е опасно за стабилноста на Балканот и на цела Европа
Намерата на Приштина да формира оружени сили на Косово е опасен чекор за стабилноста на Балканот и спротивна на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН), порача Русија.
„Сметаме дека намерата на властите во Приштина, игнорирајќи го ставот на Белград и косовските Срби, да спроведе трансформација на Косовските безбедносни сили во оружени сили, е апсолутно неодговорен чекор и дека тој е опасен за стабилноста на Балканот и цела Европа“, рече Марија Захарова, портпарол на руското МНР.
Косовскиот претседател Хашим Тачи минатата недела предаде во парламентот нацрт закон за трансформација на Безбедносните сили на Косово во Војска на Косово. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
