Регион
Русија ја враќа иконата која Додик му ја подари на Лавров, ќе се испитува дали потекнува од Украина

Русија ќе ја врати иконата која лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, му ја подари на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, откако обвинителите во Босна соопштија дека се обидуваат да утврдат дали подарокот е илегално шверцуван од завојуваниот источнен дел на Украина.
Додик му подари на Лавров 300 години стара позлатена икона за време на неговата посета на Сараево во текот на неделава.
„Иконата ќе биде вратена за да се разјасни нејзиното потекло со помош на Интерпол“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Украинската амбасада во Сараево побара од босанските власти дополнителни информации околу артефактот, откако новинската агенција на босанските Срби „Срна“ објави фотографија од иконата со печат за автентичност, што укажува дека потекнува од Луганск, каде проруските сепаратисти се борат против украинската војска.
Додик не даде коментар по ова прашање, а неговите соработници не се достапни за коментар.
Десетици босански Срби се бореа заедно со проруските бунтовници, во војната во источна Украина во 2014 година.
Членовите на хрватското и бошњачкото претседателство на БиХ одбија да се состанат со Лавров за време на неговата посета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција ја погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Касос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.
Епицентарот на земјотресот бил во морето на 49 километри северозападно од Касос во Егејското Море и 357 југоисточно од Атина.
Засега нема податоци за човечки жртви или материјална штета.
Регион
Досега во Србија вакцинирани 100.511 лица

До денес во Србија се вакцинирани 100.511 лица, пишува „Блиц“.
Граѓаните на Србија во моментот може да изберат помеѓу три достапни вакцини – руската „спутник В“, потоа на „Фајзер-Бионтек“ и кинеската на „Синофарм“. А набргу ќе може да изберат помеѓу четири вакцини против коронавирусот бидејќи се очекува пристигнувањето на вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и британско-шведската компанија „Астра зенека“.
Масовната вакцинација во Србија почна пред три дена со вакцинирање припадници на армијата и полицијата на саемот во Белград, каде што беа поставени 11 пункта за вакцинација.
„Многу е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат, со цел да се создаде колективен имунитет, да надмине 60 или 70 проценти и на тој начин да се запре оваа сериозна болест“, изјави епидемиологот и член на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, кој исто така прими вакцина.
Регион
Во Словенија 1.439 новозаразени од коронавирус, 27 починати

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.439 нови случаи на коронавирус, а 27 лица починаа, е објавено на специјализираната веб-страница на владата. Вкупно се извршени 11.149 ПЦР и брзи тестови.
Во моментот активни се 19.008 случаи, што е за 628 помалку од претходниот ден. Во моментот има 1.159 пациенти во болница, од кои 182 се на интензивна нега.
Од почетокот на пандемијата во Словенија починале 3.248 лица. На крајот на декември во Словенија почна вакцинацијата против коронавирусот, а досега се вакцинирани 47.931 лице.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот