Контакт

Регион

Сараево: Во последните 24 часа 67 новозаболени, двајца починале

Објавено пред

308 примероци за присуство на коронавирус биле тестирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Меѓу нив имало 67 позитивни пациенти во Сараево, четворица во Горажде, три во Какањ и двајца во Витез.

Исто така, десет ретестирани пациенти биле позитивни. 61 пациент се сместени во одделот за изолација, а двајца вчера починаа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почина писателката Исидора Бјелица

Објавено пред

Писателката и ТВ-водителка Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52 години, потврди издавачката куќа „Лагуна“.

Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967 година, каде и завршила средно училиште, по што дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград и магистрирала.

Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со кого имаше две деца, Лав Григорије и Вила Евангелина Пајкиќ.

Како автор на ТВ, работеше на повеќе проекти, од кои „Клот-фркет“ на телевизијата БК и телевизијата БН и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Таа е автор на повеќе од 40 книги посветени на различни генерации.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Објавено пред

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и условите за регионот.

На прашањето зошто е дозволен влезот на државјаните на Русија, а не и на Србија, бидејќи е слична епидемиолошката ситуација во двете земји, коментирајќи ја изјавата на украинскиот конзул за тоа што на државјаните на Украина не им е дозволен влез во Црна Гора, Бегиќ одговорил:

„Украина поради подобрената ситуација ќе се најде на ажурираната листа. Инситутот направи методологија која е слична на онаа од Европската комисија. Еден од клучните параметри е бројот на активни случаи на 100.000 жители, а другиот е движењето на бројот на заболени, односно долгорочни трендови. Предлог за вкулучвање на Русија на зелената листа дојде од Оперативниот штаб за туризам и Министерството за туризам. Кога се работи за регионот, многу сериозно размислуваме на понатамошните чекори во однос на ажурирањето на листата. Тука не смееме да заборавиме на потенцијалните бројки на луѓе кои би дошле во Црна Гора и за тоа мора да се води сметка. Размислуваме да ги отвориме границите и условите под кои границите можат да се отворат на начин кој ќе го минимизира епидемиолошкиот ризик по граѓаните на Црна Гора“ рекол Бегиќ, пренесе „Вијести“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 58 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 58 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи порасна на 633. Меѓу нив 111 се на болничко лекување, од кои седум се на респиратор.

Во последните 24 часа нема починати пациенти од Ковид-19.

Како што јавија хрватските медиуми, повеќе од 2.300 луѓе се во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај во Хрватска, досега се регистрирани 5.376 случаи, од кои 154 починале, а 4.589 оздравеле.

До денеска се тестирани 124.383 лица, од кои 1.167 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет13 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет13 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион13 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет15 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија18 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија18 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ18 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет19 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија20 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет22 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет22 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија22 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет23 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија23 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет24 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија1 ден

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет1 ден

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија2 дена

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Досие