Регион
Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово
На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за денеска во 10 часот најави одржување итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема ќе бидат настаните во Косово и Метохија.
По Јариње, транспаренти со натпис „Добре дојдовте во Заедницата на српски општини“ се појавија синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, пренесува „Косово онлајн“. Како што се наведува, плакатите биле поставени на влезот во градот, како и во самиот град.
Претходно, граѓаните кои протестираа во Јариње поради „мерките за реципроцитет“ воведени од Приштина, изработија транспарент на кој пишуваше „Добре дојдовте во Унијата на српски општини“.
Новинарот на Танјуг, исто така, забележува дека вчера над оваа област летале хеликоптери на силите на КФОР, кои оцениле дека ситуацијата на терен е стабилна.
На административните премини, Јариње, Брњак и Мердаре ги одземаат регистарските таблички од северот на Косово, а возилата со знаци од централна Србија мора да земат тест таблички и да платат такса, која чини пет евра и важи два месеци.
Синоќа во Јариње имаше само неколку автомобили од правец кон централна Србија. Преминот, како и на Брњак, може да се помине само пеш, пишува РТС.
Косовската полиција употреби солзавец во близина на контролниот пункт Брњак, но насобраните Срби не се оддалечија од местото каде што протестираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин
Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“, по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус.
Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми.
„Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“.
Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги превентивни мерки и дека немало контакт со други лица.
Според докторката, црногорската државјанка била тестирана веднаш по слетувањето во Холандија и резултатот бил негативен на хантавирус.
Сепак, ќе остане во изолација шест недели и ќе биде под здравствен надзор, бидејќи кај неколку патници без симптоми бил регистриран вирусот.
Регион
Црна Гора придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, рече шефот на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана.
По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО.
Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во безбедноста поради руската агресија и растечкото влијание на Кина, додавајќи дека е благодарен за поддршката што Црна Гора ѝ ја дава на Украина.
Спајиќ најави нов меѓудржавен договор со САД во јуни и порача дека „одлични денови“ ја очекуваат Војската на Црна Гора.
Тој истакна и дека Црна Гора е пример за мултиетничко општество.
Регион
(Фото+Видео) Силно невреме ги зафати Хрватска и Словенија: падна град, ветер собори дрвја, хаос во сообраќајот
Силна бура го зафати Загреб и неговата околина денес откако студениот фронт од Словенија пристигна во Хрватска. Силен ветер собори дрвја, паднаа обилни дождови и град, а во некои делови од градот беше прекинат трамвајскиот сообраќај и имаше проблеми во јавниот превоз.
Темни облаци се надвиснаа над хрватската престолнина околу пладне, кога бурата одеднаш се зголеми во интензитет. Граѓаните од неколку загрепски населби пријавија силен ветер кој собори дрвја и кршеше гранки, додека град паѓаше во делови од градот.
Слична ситуација беше забележана и во Самобор, каде што снимките од невремето покажаа улици покриени со град, пишува Dnevnik.hr.
Загрепскиот електричен трамвај (ZET) објави дека дел од трамвајската услуга е прекината откако дрво падна на електричните кабли на трамвајската мрежа.
Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска (DHMZ) издаде портокалово предупредување за регионите на Загреб, Осиек и Карловац, што укажува на опасни временски услови. Жолто предупредување е во сила за остатокот од земјата, кое предупредува на потенцијално опасни временски услови.
Zagreb se zacrnio na trenutak. #nevrijeme pic.twitter.com/2gvKV3DnU7
— Antena Zagreb (@AntenaZgb) May 12, 2026
Метеоролозите наведуваат дека студен фронт пробил од Словенија и донел ненадејна промена на времето, со силен северен и северозападен ветер што локално може да предизвика бури.
Според прогнозата на DHMZ, во текот на попладневните часови се очекува значително намалување на температурата низ цела Хрватска. Во континенталните региони, температурата би можела да падне помеѓу пет и девет степени, додека на крајбрежјето ќе биде помеѓу 11 и 16 степени.
Невремето претходно ја погоди Словенија, каде што беа регистрирани налети на ветер од над 70 километри на час, а во некои делови од земјата паѓаше и град.
