Регион
Седумнаесет деца починале од морбили во Романија

Седумнаесет деца починале во Романија од морбили од септември минатата година, а повеќе илјади заболеа од оваа исклучително заразна болест во земјата која од 2016 година е погодена од сериозна епидемија заради ниското ниво на вакцинирање.
Починатите деца не биле вакцинирани, соопшти министерот за здравство Флориан Бодог, додавајќи дека најновата жртва е девојче од две и пол години.
Министерството за здравство упати апел до населението за вакцинирање. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млади момчиња од Косово настрадаа во Италија, со автомобил излетаа во река

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во река, јави агенцијата АНСА.
Жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.
Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.
Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.
Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.
РЕ-Ново
Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата

Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб, каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место.
Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“.
Сепак, мажот решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железницата и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќе пати бил тестиран. Изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет, а во последните три години не пие и не пуши.
Судот на крајот констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.
На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.
Судијата го вратил на работното место, а железницата сега е должна да му плати отштета.
Регион
(Видео) Маж висок два метра го чуваше Ердоган – грчките медиуми јавуваат со какво обезбедување дошол во Атина

За време на седумчасовниот престој на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турската делегација во Атина, безбедносните мерки беа драконски, а посебно внимание привлече високиот човек од личната стража на Ердоган.
За да се спречат какви било непредвидени настани, ангажирани се полицајци од речиси сите служби. Како што пренесуваат грчките медиуми, два метри високиот телохранител не го тргал погледот од турскиот претседател уште во првиот момент кога излегол од авионот.
Според информациите, ЕЛАС издала 47 дозволи за оружје за посетата на Ердоган, од кои 16 се однесуваат на безбедноста на турскиот претседател.
Како што вчера забележа „Прототема“ за време на посетата на Ердоган, снајперистите биле поставени на клучни места во Претседателската палата, а проверките биле вршени од специјално обучени кучиња до пред пристигнувањето на Ердоган на средбата со Катерина Сакеларопулу и Киријакос Мицотакис.