Контакт

Европа

Седум мигранти во Грција загинаа кога возило удри во наплатна рампа

Објавено пред

Грчките власти соопштија дека седуммина мигранти загинале, а осум се повредени, откако возач на возилото со кое патувале изгубил контрола и удрил во патарината на автопатот во северна Грција.

Грчката полиција соопшти дека возилото со 15 лица се движело по автопатот од североисточната граница на Грција со Турција кон Солун, кога нешто по полноќ се случила несреќа, пренесуваат агенциите.

Возилото се движело со голема брзина, а возачот изгубил контрола додека се обидувал да излезе од автопатот, удрил во рампата за патарина, а потоа удрил во блискиот контејнер, соопшти полицијата.

Повредени се четворица мажи од Пакистан, еден од Авганистан и двајца од Непал, како и 35-годишен молдавски возач.

Тие се пренесени во болниците во градовите Ксанти и Комотини, во североисточна Грција.

Една жена е меѓу седумте загинати во несреќата, а националноста на загинатите не е веднаш позната, соопштија властите.

Европа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Објавено пред

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските медиуми.

Во извештаите се вели дека „Фајзер“ финансирал презентација на која говорниците тврделе дека вакцината на „Астра зенека“ може да предизвика рак и дека не е безбедна за имунокомпромитирани пациенти.

Споменатата презентација наводно се одржала на едукативен семинар во Канада во 2020 година, но не е јасно дали ги имало повеќе или се работи за изолиран инцидент.

Веста ја објавил „Канал 4“ во најавата за емисијата што ќе излезе в петок, пренесуваат медиумите, а од „Фајзер“ ги отфрлаат обвинувањата за поткопување на веродостојноста на вакцината на „Астра зенека“ велејќи дека споменатата презентација погрешно му се припишува на американскиот фармацевтски гигант и дека тоа е спроведено од трета страна.

Споменатите презентации наводно им биле дадени на канадски здравствени експерти во врска со технологијата што ја користи „Фајзер“ . Тие, како што пренесуваат агенциите, наводно содржат неколку слајдови полни со дезинформации, вклучително и тврдења дека технологијата на вакцини што ја користи „Астра зенека“ може да доведе до вградување на вакцината во генетскиот код на пациентот и да предизвика тумори.

Шефот на тимот за вакцини на Универзитетот „Оксфорд“, кој ја разви вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, сер Ендрју Полард, ги отфрли наводите и предупреди на опасностите од ширење дезинформации за вакцините.

„Сè што ги тера луѓето да се двоумат во врска со вакцинацијата може да ги загрози нивните животи. Ова може да го поткопа влијанието врз одлучувањето на луѓето за сопственото здравје, но исто така може да создаде несигурност меѓу пратениците“, објасни Полард.

Портпаролот на „Фајзер“ ги отфрли сите наводи.

„Ние ги отфрламе сите предлози дека Фајзер’ имал намера да ги поткопа научните достигнувања на другите“, рече тој.

Тој додаде дека „Фајзер“ финансирал независна агенција со независен научен комитет за создавање програма за едукација за вакцини во Канада откога нивната вакцина била одобрена за употреба во таа земја.

Рече дека „Фајзер“ го сторил тоа поради многуте барања од канадски здравствени експерти.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се урна станбена зграда при експлозија во Франција, полицијата трага по затрупани

Објавено пред

Рано утрово се случи експлозија во францускиот град Санари-сур-Мер.

Од детонацијата била уништена една станбена зграда во тој град, а засега се знае дека едно лице загинало.

Пожарникарите ги пребаруваат урнатините во потрага по луѓе затрупани под урнатините на зградата на јужниот брег на Франција.

Во уривањето на зградата се повредени пет лица, меѓу кои и едно бебе. Сѐ уште се трага по едно лице, известуваат тамошните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е дефект во инсталациите за гас.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

Објавено пред

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на вооружените сили, изјави дека украинските вооружени сили можат да го одбијат секој руски напад.

„Припадниците на вооружените сили на Украина ќе продолжат да ја исполнуваат својата најважна мисија – да ги бранат слободата и суверенитетот на државата од рускиот агресор“, рече Зеленски во изјавата.

„Украинската армија верува во сопствената сила и може да спречи каков било план за освојување од страна на непријателот“, додаде тој.

Русија собира големи воени сили во близина на границата со Украина, но ги отфрла обвинувањата дека подготвува офанзива.

Украина денеска ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

По тој повод во Киев, Лавов и Одеса на јавноста ќе ѝ бидат претставени американски воени возила „Хамви“. Во Одеса ќе се одржи свечено предавање на неодамна испорачаните патролни бродови на американската крајбрежна стража, што ќе ги зајакнат капацитетите на украинската воена морнарица.

Украина го повикува НАТО да го забрза нејзиното пристапување, но лидерите на НАТО прво бараат реформи и сузбивање на корупцијата.

Москва го предупредува Западот да не ги преминува црвените линии и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија1 час

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија2 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа2 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија2 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет3 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет4 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет5 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет5 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ17 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион18 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет18 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион18 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија19 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет22 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија23 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Досие