Контакт

Регион

Се запали автобус со српски туристи во Грција

Објавено пред

Автобус со српски туристи кои се враќале од летување на островот Егина, се запали синоќа кај Лептокарија.

Како што јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации споделени на социјалните мрежи, во незгодата нема повредени лица.

Во автобусот се возеле 47 патници, но благодарение на брзата реакција на возачот никој не е повреден, пренесе „Танјуг“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

БиХ: На оглас за 40 возачи на автобуси се пријавиле 6 луѓе

Објавено пред

Босна и Херцеговина во последните години се соочува со масовно губење работници што своето знаење и вештини за поголема плата ги нудат надвор од границите на земјата, пишува порталот „Бизнис инфо“.

„Иако во најголема мера заминуваат здравствени работници и ИТ-експерти, сè повеќе очигледно е и масовното заминување на возачите на автобусите и камионите, а многуте компании за превоз се соочуваат со дефицит од работна сила“, се наведува во текстот во кој пишува дека на оглас за 40 возачи на автобуси се пријавиле шест луѓе.

Од компанијата што го распишала огласот велат дека се во контакт со други компании во БиХ и дека овој проблем го имаат сите.

„Ако итно не се преземе нешто, набргу ќе дојде до колапс на компаниите за превоз во БиХ и нема да има кој да ги вози автобусите. Мора да се подобрат условите за работа, односно платите да одговараат на трошоците за живот“, истакна директорот на компанијата, Дармин Терзиќ.

Просечната плата на возачите на автобуси изнесува околу 1.000 КМ (511 евра) плус топол оброк. Возачите што сообраќаат на меѓународни релации, покрај тој износ, добиваат и дневница од 25 евра.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанија нуди и стоматолошки туризам

Објавено пред

Албанија не е само популарна туристичка дестинација, туку е на добар пат да стане посетувана земја и поради ниските цени на медицинските услуги, проценуваат албанските медиуми.

Премиерот Еди Рама ја поддржува оваа заложба и пренесувајќи ги впечатоците на задоволните туристи, ја промовира Тирана како главен град на убавината и насмевките, пренесува АТА.

„Со насмевките на многуте туристи што ја избираат Албанија не само за одмор туку и за посета на стоматолог, ви посакувам убава недела“, рече премиерот Рама.

Медиумите го наведуваат примерот на клиниката „Патувања и насмевки“ во Тирана, која на своите клиенти им нуди стоматолошка грижа и козметичка хирургија спроведена од, како што велат, најдобрите лекари по цени пониски од оние на конкуренцијата.

Туристите што ја посетуваат Албанија од медицински причини доаѓаат од разни западноевропски земји – Франција, Швајцарија, Белгија итн.

Прикажи повеќе...

Регион

Александар Вучиќ во ненадејна посета на Њујорк, ќе се сретне со американскиот државен секретар

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, утре во Њујорк ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Главната тема на разговорите помеѓу Александар Вучиќ и Мајк Помпео се очекува да биде ситуацијата во Косово.

Помпео ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ООН за Блискиот Исток во Њујорк и е предвидено да се сретне со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија4 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија7 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ8 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија8 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија8 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа9 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет10 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија21 час

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет22 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет23 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија23 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет23 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт1 ден

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие