Контакт

Регион

Се зголемува бројот на жртви од вирусот западнонилска треска во Србија

Објавено пред

Четири лица починаа од вирусот западнонилска треска во Србија само минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут”.

Од почетокот на годината заболени од вирусот во Србија се регистрирани 286, а 29 лица досега починаа. Пациенти биле регистрирани во 14 области, но најмногу заболени досега се регистрирани на територијата на Белград, односно 141 лице, јавува „Танјуг“.

Вирусот западнонилска треска е сезонска болест и се пренесува од заразени комарци.
Во земјите на Европската Унија досега се регистрирани 798 случаи на западнонилска треска, и повеќето пациенти се во Италија или 327 заболени лица, додека во Грција има регистрирано 168 случаи, а во Унгарија 134.

Досега 44 лица загинаа во ЕУ, од нив 18 во Грција, 13 во Италија и 12 во Романија. Во Србија вирусот за првпат бил регистриран во 2012 година, а оттогаш па до минатата година пријавени биле вкупно 574 случаи на заболени, од кои 61 лице починале.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Рускиот министер Лавров вечер пристигнува во Бања Лука

Објавено пред

Од

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе пристигне доцна навечер во Босна и Херцеговина, каде што и официјално ќе разговара со властите во Сараево и Бања Лука, а српската партија изнесува различни очекувања за тоа дали и која од нив ќе добие официјален благослов на Москва за претстојните општи избори.

„Лавров пристигнува со авион вечерва и утре ќе има средби со сите тројца членови на претседателството и со колегата од БиХ, Игор Црндак”, изјави за ХИНА заменик-министерот за надворешни работи, Јосип Бркиќ.

Во Бања Лука е предвидена посета на српско-рускиот центар и средба со раководството на Република Српска, кое ќе биде предводено од претседателот на тој ентитет, Милорад Додик.

Инаку Додик ја претставува посетата на рускиот министер како директна поддршка на неговата партија на парламентарните избори во октомври.

Меѓутоа во текот на денот, на прес-конференцијата во врска со тоа разговараше шефот на дипломатијата на БиХ, кој рече дека посетата на Лавров нема промотивен карактер за изборите.

Прикажи повеќе...

Регион

„Друмски пирати“ демнат странски возачи во Србија

Објавено пред

Од

Не е никаква тајна за српските експерти дека „друмски пирати“ ги демнат странските возачи на патиштата во Србија. Но тоа сега одекна во јавноста, откако неколкумина германски возачи, кои поминуваа низ Србија враќајќи се од одмор, се пожалија на тамошните медиуми дека поминале низ пекол кога нивниот автомобил се расипал.

И покрај тоа што тие повикале помош на патот, како членови на АДАЦ, најголемото европско авто-мото здружение, на помош им доаѓал измамник, ги шлепувал до автомеханичар и им наплатувал огромна сума пари за поправка.

Затоа германскиот весник „Велт” ги предупреди сите возачи да бидат внимателни, особено кога минуваат низ Србија.

Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот вели дека сето ова се случува со години.

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај: Границата со Албанија ќе ја отвориме за Нова година

Објавено пред

Од

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, објави дека од Нова година нема да има физички пречки на границата на Косово и Албанија, пишува приштински „Зери“.

Овие медиуми објавија дека надежта на Харадинај се базира на разговори и планови со албанскиот премиер, Еди Рама.

„Зери“ потсетува дека Харадинај претходно во интервју кажал дека кога патувал во Тирана чекал половина час за да влезе во Албанија и половина час за да влезе во Косово.

Според изјавата на новинарите дека „во сите други земји на ЕУ нема граници и дека границите остануваат само урнатини од минатото” и прашањето што Приштина ќе стори за да ги отстрани, Харадинај рече дека тој и премиерот Рама и другите негови колеги зборувале за отворање на границата некаде на преминот од една година во друга.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија3 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија3 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија4 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија5 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија5 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија5 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија5 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет7 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија16 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија18 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија19 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија22 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија22 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Досие