Контакт

Регион

Му се подобрува здравствената состојба на Амфилохие

Објавено пред

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие сè уште е во болница во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора. Според лекарите, тој закрепнува од пневмонијата предизвикана од коронавирусот според предвидената динамика, соопшти Црногорско-приморската епархија.

Митрополитот е со добра општа состојба и видлив е секојдневниот напредок. Наодите му се подобри, така што во тек е процесот на постепено намалување на нивото на кислород што го добива.

Лекарите наведуваат дека во овој момент е неблагодарно да се предвиди кога митрополитит ќе биде пуштен од болница и дека за нив е многу поважно трендот на закрепнување да продолжи во вистинската насока и постепено.

Митрополитот, кој се лекува од 6 октомври, е под постојан медицински надзор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Дури 59 починати и над 500 новозаразени во БиХ

Објавено пред

Во Бoсна и Херцеговина денеска се регистрирани 518 нови случаи на инфекција со коронавирус, и тие бројки се повторно најниски во регионот, но бројот на смртни случаи сè уште е непропорционално висок бидејќи починаа уште 59 лица.

Во неделата спроведени се тестови на помал број примероци, како што е вообичаено за време на викендите. На нешто повеќе од 1.400 тестови, 384 лица биле позитивни на територијата на Федерацијата БиХ, односно 134 во Република Српска (РС).

Во Федерацијата се пријавени дури 42 смртни случаи поврзани со инфекција со коронавирус, а 17 во РС.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во БиХ сега е повеќе од 2.600, што ја прави земјата, која има околу три милиони жители, една од носителите на црни рекорди во Европа.

Прикажи повеќе...

Регион

Орбан: ЕУ и Германија ни земаат по шест милијарди евра годишно, а ни даваат четири

Објавено пред

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека побогатите земји на ЕУ, предводени од Германија, од Унгарија земаат околу шест милијарди евра на годишно ниво, под различни изговори, додека Унгарија од буџетот на ЕУ добива четири милијарди евра.

Орбан одговори на Мартин Шулц, поранешниот шеф на германската Социјалдемократска партија и претседател на Европскиот парламент во периодот од 2012 до 2017 година, кој, како што изјави Орбан, со години ја напаѓал Унгарија затоа што земјата ги бранела своите граници и одбила да прифати мигранти.

Во меѓувреме, Унгарија и Полска остануваат на својот став дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и европскиот план за обнова, освен ако не се смени основниот документ на Европска Унија.

Двете земји тврдат дека механизмот применува нејасни дефиниции и двосмислени термини без јасни критериуми врз кои би се засновале евентуалните санкции.

Несогласувањето со двете земји ги налути другите земји членки на ЕУ кои со нетрпение чекаат исплати од стимулативниот пакет за да им се помогне на економиите сериозно погодени од пандемијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Грабар-Китаровиќ: Дефинитивно ќе се вакцинирам против коронавирусот

Објавено пред

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ учествуваше на онлајн конференција за инвестиции во спортот организирана од Хрватската трговска комора, по што кратко разговараше со новинарите. Грабар-Китаровиќ изјави дека и таа и нејзиното семејство сигурно ќе се вакцинираат против коронавирусот.

„Против грип се вакцинирам од 1993 година, кога последен пат имав грип и тешко го поминав иако имав 25 години. Вакцината е дел од решението, а не проблем. Да не заборавиме дека денес немаме детска парализа благодарение на вакцината“, рече меѓу другото таа.

Грабар-Китаровиќ повика на солидарност со оние кои се најзагрозени од коронавирусот и на кои, како што рече, вирусот може да им наштети.

„Треба да се придржуваме кон мерките и да постапуваме одговорно и на тој начин да се заштитиме себеси и другите“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија1 час

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа1 час

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија1 час

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија2 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија2 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет3 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија4 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија4 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион4 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион5 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија5 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион6 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион6 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет7 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија7 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет21 час

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија23 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија24 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Досие