Регион
Се појавија случаи со мајмунски сипаници и во Бугарија

Во Бугарија се појавија два случаи на мајмунски сипаници, соопшти бугарското Министерството за здравство.
Информациите се дека пациентите се мажи на возраст од 41 и 44 години. И двајцата се хоспитализирани и се во добра општа состојба.
Првичните податоци покажуваат дека и двете лица пријавиле патување во странство во претходните две недели – во Шпанија односно Велика Британија.
Мајмунската сипаница се смета за поблага болест од сипаницата која не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти Здравствената агенција на ЕУ минатиот месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека невестата да пристигне од Брисел, но ја нема.
„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде в година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.
Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.
„Ние сме Балканот што доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.
Европа
Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран

Голем шумски пожар беснее северно од Атина поради што властите наредија евакуација на блискиот крајбрежен град како мерка на претпазливост. Силниот ветер го разгорува пожарот во областа Шхиматари, на 50-ина километри од главниот град, пренесуваат грчките медиуми.
Локалните власти ги повикаа жителите да го евакуираат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај бидејќи повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптера, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде што се евакуирани четири села.
Минатата година шумските пожари опустошија речиси 300.000 хектари шума и грмушки, а Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години. По острите критики, владата вети дека ќе ги зајакне капацитетите за гаснење пожари.
Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата како први членови на европските сили, кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на големи пожари во текот на летото. Во најлошиот шумски пожар во Грција починаа 102 луѓе кога го зафати крајбрежниот град Мати и областите во близина на Атина во летото 2018 година.
Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.