Контакт

Регион

Се согласивме да ги намалиме цените за роаминг, изјави Туск по самитот во Софија

Објавено пред

Самитот ЕУ-Западен Балкан беше успешен, изјави на прес-конференција претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по самитот ЕУ-Западен Балкан, јави бугарската новинска агенција „Фокус“.

„Дозволете да им се заблагодарам на бугарскиот премиер Борисов и неговиот тим. Направија нешто одлично и јас сум импресиониран од нивната ефикасност и одлучност. Овој состанок беше успешен“, изјави Туск и го повтори ставот на Унијата дека ЕУ ќе остане силен партнер на целиот Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот совет посочи дека на состанокот станало збор за подобрување на односите во регионот во однос на економијата, но и дигиталната инфраструктура.

Тој нагласи и дека заедно се согласиле да ги намалат трошоците за роаминг.

Туск додаде дека за Западен Балкан нема друга алтернатива освен европската.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Снешко Белчо блокира пруга во Србија, реагираше и полицијата

Објавено пред

Возот што сообраќа на релацијата Ниш – Прокупле  речиси дваесет минути  стоеше вчера во близина на рампата и железничката станица во населбата Гариќ поради Снешко Белчо, кој бил направен на шините!

Полицијата, исто така, беше информирана и излезе на терен, но сторителите не беа пронајдени.

До оваа ситуација дојде на улицата Браќа Стојановиќ кога возот требаше да влезе во станицата во Прокупле.

Машиновозачот оддалеку забележал дека има нешто на шините, па го запрел возот.

Снешко го направија деца, веројатно и не размислувајќи за она што ќе следува.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Путин пристигна во Белград

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во официјална посета на Србија, информира агенцијата „Танјуг“ и додава дека на аеродромот, каде што неговиот авион слетал во 13 часот и 5 минути, тој бил пречекан од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се одржа церемонија на пречек за рускиот претседател, со црвен тепих и постројување на гардата на српската војска.

Aмериканската агенција „Блумберг“ пишува дека Вучиќ ќе настојува средбата да ја искористи за да обезбеди поддршка од Москва за постигнување договор за Косово.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Вонредна состојба поради грип во инфективната болница во Загреб

Објавено пред

На Клиниката за инфективни болести „Фран Михалевиќ“ во Загреб владее вонредна состојба поради епидемија на грип каква не е забележана повеќе децении наназад.

Вчера во текот на попладневните часови и во текот на ноќта, беа примени четири лица со тешка пневмонија и сите се на респиратори – ангажирани се 18 респиратори и пет ЕКМО машини. Обемот на работа е три пати поголем од условите што постојат во болницата. Ваквата ситуација трае неколку дена и умираат релативно млади луѓе. Во амбулантите има стотици луѓе, а сезоната на грипот штотуку започна.

Шефот на Институтот за интензивна медицина, вонреден професор Марко Кутлеша потврди дека ситуацијата е под опсада.

„Пациенти доаѓаат од цела Хрватска. Сите се на механичка вентилација, во моментов 18 пациенти “, рече тој.

„Од 30 декември до денес, 26 пациенти со тешка воспаление на белите дробови се примени во клиниката, освен еден кој имаше бактериски менингитис. Тоа беа, исто така, компликации предизвикани од грип. Сите се на механичка вентилација, односно на респиратори”, објасни Кутлеша.

Околу 10 пациенти биле на надворешна оксигенација, кога респираторот не бил доволен, имало и смртни случаи.

“Една пациентка која имаше белодробно воспаление почина. Сите пациенти, вклучувајќи ја и неа, се на возраст меѓу 40 и 60 години. Особено им се заблагодаруваме на министерството кое ни обезбеди осум дополнителни респиратори и два ECMO уреди”, вели шефот на Интензивна.

Тој вели дека се преоптоварени, поради што направиле и дополнителни смени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија1 час

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија која го смени полот

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур денеска за прв пат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и...

Македонија3 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија3 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет3 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет3 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести4 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет5 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет6 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет6 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион16 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа17 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија18 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија21 час

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија21 час

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија22 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија23 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија23 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија23 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија24 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Досие