Регион
Се тресе земјата во Грција: неколку земјотреси регистрирани во текот на ноќта
Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во близина на островот Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Нема извештаи за материјална штета или жртви.
ЕМСЦ наведува дека првиот земјотрес со јачина од 2,8 степени се случил во 4 часот и 45 минути по локално време.
По него околу 6 часот и 22 минути следеше нов од 4,2 степени по Рихтеровата скала.
Набргу потоа, околу 6:29 часот по локално време, е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.
Регион
Несреќа во БиХ: автомобил со најмалку три лица слета во река
Специјални екипи работат на извлекување на возилото што во текот на ноќта слета во реката Босна, од регионалниот пат Какањ – Високо, во градот Добриње, потврди портпаролката на МУП на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ.
Но, како што пренесуваат локалните медиуми, не се знае точниот број на жртви. По пронаоѓањето на возилото, ќе биде спроведена истрага, со која ќе раководи дежурниот кантонален обвинител.
Според известувањето на порталот „Кликс“, несреќата се случила синоќа, еден час по полноќ, а полицијата ја известил маж, кој бил во возилото и успеал да се спаси.
Кога пристигнале на местото на несреќата, полицијата затекнала маж со видливи повреди и отежнато комуницирање. Им кажал дека се сеќава оти бил во автомобилот со уште три лица.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.