Контакт

Регион

Се урна борбен авион во Бугарија: падобраните не се отвориле, се стравува дека има жртви

Објавено пред

Борбениот авион „Л-39“ денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува „Новините“.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Сѐ уште не е познато што се случило со нив.

При падот на леталото избувнал пожар.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, претходно денеска учествуваше како копилот на демонстрацијата на борбените авиони „Ф-16“ во воздухопловната база.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Tурција претстави ново копнено возило „Гокбору“

Објавено пред

Турската одбранбена компанија Electroland Defence за првпат го претстави своето ново домашно развиено безекипажно копнено возило „Гокбору“ на саемот SAHA 2026 во Istanbul, јавува „Анадолија“.

Станува збор за возило со конфигурација 6×6, кое може да достигне брзина до 30 километри на час и да носи товар до 800 килограми.

„Гокбору“ е дизајниран за работа во тешки теренски услови и може да се движи по стрмни падини и нерамни површини благодарение на независно контролирани тркала.

Од компанијата наведуваат дека возилото е наменето како евтина и повеќенаменска платформа за одбрана, земјоделство, логистика и спасувачки операции.

Според претставниците, системот е инспириран од роботски технологии користени во вселенски истражувања, а е целосно развиен со домашен софтвер, хардвер и механички компоненти за поголема автономија и помала зависност од странски добавувачи.

Прикажи повеќе...

Регион

„Кроациа ерлејнс“ откажува 900 летови

Објавено пред

Хрватскиот авиопревозник „Кроациа ерлејнс“ (Croatia Airlines) во следниот квартал откажува околу 900 летови, односно пет проценти од вкупно планираните 27.000 операции, поради драстичен раст на цените на авионското гориво кој предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај.

Поради кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот само во мај откажале 13 илјади летови, што значи дека од распоредот се избришани околу два милиони седишта, пренесува „РТЛ“.

Цените на горивото значително пораснаа, што доведе до една од најголемите кризи во авио индустријата од пандемијата на коронавирусот. Славен Жабо, директор за комерцијални работи во „Кроациа ерлејнс“, ја потврди сериозноста на ситуацијата.

Тој изјави дека неповолната геополитичка состојба значително влијаела на цената на горивото и дека таа се удвоила од почетокот на кризата, растејќи побрзо од цената на суровата нафта. Според него, трошоците ќе предизвикаат милионски загуби за сите авиокомпании, пренесе „Индекс“.

Како одговор на кризата, компанијата вовела кризно управување и се обидува да ги компензира трошоците преку оптимизација на мрежата на летови и зголемување на ефикасноста. Оптимизацијата, како што објасни, значи усогласување на капацитетите со побарувачката, трошоците и приходите на одредени линии, што вклучува и откажување летови.

Потврдено е дека се откажани околу 900 летови, иако компанијата дневно изведува и до 100 летови.

Според Жабо, на цените на билетите ќе влијаат и зголемените трошоци на другите учесници во системот. Аеродромот во Загреб најавил зголемување од 20 проценти од 1 јуни, што ќе се одрази преку зголемување на патничките такси.

Тој нагласи дека е тешко да се предвиди колку точно ќе поскапат билетите, бидејќи цените зависат од побарувачката на одредени линии и можат да се движат и нагоре и надолу.

Жабо истакна дека компанијата бележи раст на патници од 23 проценти во првите четири месеци од годината, со речиси 100.000 повеќе превезени патници, и изрази оптимизам за туристичката сезона.

Прикажи повеќе...

Регион

„Тепачка“ за лежалки во Грција заврши на суд, турист доби речиси 1.000 евра отштета

Објавено пред

Од

Германски турист бил толку лут од добро познатиот проблем со „резервирање“ лежалки на плажа што решил да го тужи туристичкиот оператор. За време на семеен одмор на грчкиот остров Кос, за кој платил 7.186 евра во август 2024 година, бил огорчен бидејќи лежалките на плажата биле зафатени секое утро пред појадок, објавува Times.

Иако едно од правилата на хотелот експлицитно забранувало оставање пешкири на лежалките преку ноќ, се чини дека гостите не се придржувале до тоа правило. Незадоволниот турист во својата жалба навел дека одел на плажата уште во 6 часот наутро, но сите лежалки веќе биле зафатени.

Тој се пожалил до Окружниот суд во Хановер дека неговото семејство трошело околу 20 минути секој ден барајќи слободно место, а децата честопати морале да лежат на пешкири на земја. Тој исто така истакнал дека персоналот на хотелот ги игнорирал нивните жалби.

Судот во Хановер ги прифатил неговите аргументи и пресудил дека туристот има право на делумно враќање на средствата од 986,70 евра. Во образложението се наведува дека пакет аранжманот бил неисправен бидејќи не ја обезбедувал услугата што гостинот со право можел да ја очекува.

Судиите објаснија дека туристичката агенција, иако не управувала директно со хотелот, ниту била обврзана да обезбеди лежалка за сончање за секој гостин во секое време, сепак сноси одредена одговорност. Нејзина обврска била да обезбеди организација што овозможува разумен сооднос на бројот на лежалки за сончање и бројот на гости.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава5 минути

Седум опасни болести што се пренесуваат преку крлежи: Не смеете да ги игнорирате симптомите

Сезоната на крлежи носи зголемен ризик од сериозни инфекции што можат да предизвикаат сериозни компликации ако не се откријат и...

Соопштенија10 минути

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 8 мај 2026 просечната часовна цена на еден...

Македонија15 минути

(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски

Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто...

Македонија24 минути

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата...

Свет24 минути

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките...

Култура27 минути

Националниот џез оркестар одржа концерт „Macedonian Dreams“ во Брисел

Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма...

Македонија29 минути

Хоџа на „Генералка викенд“: Грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани,...

Македонија30 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне

Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне, велат од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија32 минути

(Видео) Кузеска: Со шефот на бандата Мицкоски економијата тоне, инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè...