Регион
Се урна мал авион во Белград и заврши во поле

Мал авион паднал во близина на Батајница, пишуваат српските медиуми.
Авионот наводно паднал во поле.
Недалеку од ова место се наоѓа аеродромот „13. мај“ во Белград.
Полицијата и брзата помош излегле на местото на настанот, а состојбата на екипажот засега не е позната.
Наскоро се очекуваат повеќе детали за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шест лица повредени во судир на автобус и камион: тешка сообраќајна несреќа во Ниш

Шест патници кои се наоѓале во автобусот на транспортната компанија „Нишекспрес“ се повредени во 14.30 часот во сообраќајна несреќа на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.
До несреќата дошло кога возило од градски сообраќај се судрило со камион со панчевски регистарски таблички.
Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.
Полицијата врши увид, се утврдува причината за несреќата.
Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.
Регион
Неколку лица избодени со нож при тепачка во градски парк во Приштина

Неколку лица се избодени со нож во градски парк во Приштина, каде непосредно претходно настанала тепачка, пренесува Телеграфи.
Според првите информации, конфликтот се случил во населбата „Качаларет“.
Еден од учесниците во инцидентот, кој е осомничен дека замавнал со нож, бил сопрен од граѓанин.
Косовската полиција се уште не излезе со официјално соопштение.