Регион
Ситуацијата во Грција не се смирува: луѓето без струја, заробени во поплави, блокирани патишта во Евија
Грција ја зафати ново невреме, а денеска најтешка е состојбата во областа на градот Волос и островот Евија, каде што патиштата се блокирани, а најголемиот дел од населението е без струја.
Обилните врнежи донесени вчера од бурата Елијас го погодија северниот дел на Евија, грчки остров кој беше сериозно загрозен од шумски пожари во 2021 година, како и регионот на Тесалија, кој на почетокот на овој месец беше погоден од бурата Даниел.
Голем дел од градот Волос повторно е под вода и кал, пожарникарите и војската ги евакуираа луѓето од куќите и автомобилите, а жителите повторно се без струја.
Утрово, во шест часот, во Волос повторно почна да врне дожд, кој претходниот ден предизвика порои и поплави во централниот дел на Грција.
Според претставниците на противпожарната служба, во неколку делови на Волос водата достигнува висина од 50 сантиметри, пренесува „Катимерини“.
Патиштата во оваа област се покриени со тони камења и кал, а областа е непрепознатлива.
Дел од населението мораше да ги напушти домовите, а многу возила беа однесени од поплавата.
Припадниците на грчката армија ги ослободија патниците што девет часа беа заглавени во возилата и чекаа помош.
Водата рано утринава се повлекла на повеќе места, па многу патишта се отворени, но многу сè уште се непристапни.
Поради ситуацијата што настана во Волос по новото невреме, градоначалникот Ахилес Беос рано изутрината излезе да ја провери состојбата на улиците.
„Тажен сум, немам сила да зборувам, тоа е ситуација што не можам да ви ја опишам“, им изјави градоначалникот на новинарите на телевизијата ЕРТ.
Опишувајќи го она што Волос го доживеа во средата вечерта, тој рече дека „животите биле загрозени“.
Кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, тој рече дека 70-80 отсто од Волос немаат струја, а проблем има и со водоснабдувањето.
Во локалниот оперативен центар на Противпожарната единица од вчера до денеска во 7 часот утрово се примени вкупно 1.200 повици.
Тешка е ситуацијата и на Евија, каде што утрово е одлучено, по налог на градоначалникот, да се забрани сообраќај на поширокото подрачје на Асмини, Пефки, Артемисио и Гувес поради развој на опасни временски услови.
Последните неколку часа беше многу тешко во Истија и околината, каде што пожарникарите мораа да интервенираат во спасувачка акција за ослободување мајка и мало дете во Асмини, кои беа опколени со вода.
Со чамци стигнуваат и до други села во централна и северна Евија.
Движењето на противпожарната бригада од центарот на Халкида кон северна Евија не е возможно бидејќи патиштата се непроодни, а градежните машини работеа цела ноќ за да минат спасувачките екипи.
Според метеоролозите, грчките региони што денеска може да очекуваат обилни дождови и силно невреме ги вклучуваат префектурата Атика и градот Атина, а локално обилни дождови и невреме се очекуваат до пладне во околината на Волос, на Споради и Евија, во областите Фтиотиди, Фокиди и Беотија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.
Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.
Трупот на мажот бил обезглавен.
Телото и главата се на исто место.
Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.
Регион
Пронајдено девојчето од Бeлград, потврди мајката

Пронајдена е Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград која исчезна вчера околу 13 часот, и последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ јавуваат српските медиуми. Веста дека е пронајдена за српски „Телеграф“ ја потврдила нејзината мајка.
– Да, пронајдена е, но не знаеме каде била. Работиме да дознаеме – изјави мајката за српскиот медиум.
Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.