Регион
Словенец за пари примил 23 дози вакцина против Ковид-19 во име на други

Маж од Словенија ги собори сите рекорди во примањето вакцина против коронавирусот примајќи неверојатни 23 дози.
Зад неговиот рекорден број примени вакцини не стои страв од инфекција, но, како што пишуваат словенечките медиуми, вакцините за пари ги примал во име на други луѓе.
За да ја примите вакцината против коронавирусот во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување без фотографии.
Ова не е единствениот случај бидејќи порталот „Свет 24“ претходно објави информација за Словенец што шест пати бил вакциниран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Србија мистериозно исчезна во Грција: семејството го збунува последниот сигнал од мобилниот телефон

Радован Јурачиќ (44) од Србија исчезна минатиот понеделник во Грција кога наводно се качил на патнички брод, кој од Пиреја одел кон островот Кос, по што му се губи секаква трага. Потрагата по него трае цели седум дена, а сѐ уште нема информации каде се наоѓа и што се случило кобниот ден.
Радован Јурачиќ од Кикинда, татко на две деца, отишол на грчкиот остров Кос кај својот кум со намера да се договори за сезонска работа и да заработи во текот на летото.
Минатиот понеделник околу 18 часот се качи на траектот во Атина. Два часа подоцна, околу 20 часот, разговарал со сопругата Драгана, на која ѝ кажал дека се качува на траектот за Кос.
Неговата сопруга Драгана Јурачиќ претходно за „Нова.рс“ истакна дека повикот бил прекинат бидејќи врската била лоша и дека нејзиниот сопруг оттогаш не се јавил.
„Му се јавив во вторникот околу 7 часот, но тој не ми одговори, а некаде околу 12 часот телефонот се исклучи и веќе нема сигнал. Последен пат беше лоциран на Родос“, рекла тогаш таа.
Семејството и голем број пријатели на исчезнатиот Радован постојано апелираат до сите лица, доколку имаат информации за него, веднаш да пријават.
Посебен акцент е ставен на островите Патмос, Лерос, Калимнос, Кос и Родос, тоа се островите на кои се закотвувал бродот со кој патувал Радован.
Неговите пријатели не знаат што можело да тргне наопаку или што се случило кобниот ден.
„Сѐ оди многу бавно, иако секоја минута е многу важна. Не знаеме што се случило и само сакаме да го најдеме”, рекол познајник на семејството.
Според досегашните информации, семејството на исчезнатиот Радован е во контакт со српската амбасада во Атина.
„Им беше кажано дека сѐ уште не ги одобриле сите барања од бродските компании за преглед на камерите и телефонските записи“, соопштија од групата на која беа објавени првите информации за исчезнувањето на Радован.
Регион
Длабока загриженост за ситуацијата во Косово има кај специјалниот претставник на ЕУ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека е длабоко загрижен за ситуацијата на северот од Косово и повторно повика на смиреност, предвремени избори и враќање на дијалогот меѓу двете страни.
Лајчак синоќа заедно со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, разговараше со косовскиот премиер Аљбин Курти и со првиот вицепремиер, Бесник Бисљими.
„Ние сме длабоко загрижени за ситуацијата на северот и повикуваме на итна деескалација на теренот, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација на односите“, напиша Лајчак на „Твитер“.
На средбата со европските и американските емисари Курти изразил безрезервна подготвеност и непоколеблива добра волја за интензивен и заеднички ангажман за деескалација на ситуацијата и нормализација на односите, соопшти претходно денеска косовската влада.
Како што се наведува во соопштението на владата на Косово, на средбата биле разменети мислења за состојбите и последните случувања, идеи за деескалација на северот и итноста од спроведување на основниот договор и на анексот за имплементација.
Лајчак и Ескобар на косовскиот премиер му претставија предлог од три точки за излез од кризата на северот од Косово, првата е деескалација на ситуацијата, втората е брзи избори на север и третата е враќање на дијалогот за нормализација.
Регион
Харадинај: Постои сомнеж дека Курти ќе го подели Косово за да го избегне ЗСО

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека постои сомнеж, дека премиерот Албин Курти ќе го подели Косово за да го избегне создавањето на Заедницата на српските општини, пишува „Косово онлајн“, цитирајќи го „Дукаџини“.
Што се однесува до одвојувањето на северот, пак на Курти му порачувам дека северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедност, никој не успеал да го раздвои, ниту криминалните банди“, рече Харадинај.
Тој додаде дека е можно „Курти да се заљубил во планот за поделба на Косово“.